2.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
spot_img

16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња: не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ!

Обединетите нации, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ  и годинава се обединија во кампањата 16 дена активизам против родово-базирано насилство.

„Не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ!“ е годинешното мото со кое Северна Македонија се приклучува на глобалната кампања „Обој го светот во портокалово за крај на насилството врз жени и девојчиња, сега!“. Централниот настан во кампањата се одржа на 2 декември во Филхармонија.

Централниот настан во кампањата се одржа на 2 декември во Филхармонијата

Во рамки на кампањата 16 дена активизам против родово-базирано насилство во 2021 година, создадена е песната Очи црни, која е препев од текстот на руската ,,Очи чёрные”. Песната има и свој видеозапис,а во нејзиното создавање учествуваа Антонија Гиговска, Бранислав Николов, Дани Димитровска, Лука Ѓоргиевски, Светлана Јовановска, Тамара Тодевска и Џон Илија Апелгрин, авторот на музиката и аранжманот на Џијан Емин и авторите на препевот Диме Поповски и Васиа Поповска.

Очи црни – 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Родово-базираното насилство е најсилно кршење на човековите права, но не е нешто што не може да се избегне. Тоа може и мора да биде сопрено. Да им веруваме на жртвите и да преземеме акција, и за време на овие #16Days и секој ден.

Следете го хаштагот #ставикрај и додајте го и својот глас против насилство врз жени и девојчиња.#ставикрај#jepifund#endit

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,277FansLike
2,912FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ