-1.2 C
Skopje
Thursday, December 19, 2024
spot_img

Да ставиме граници во купувањето подароци за новогодишните празници

Новогодишните и божиќните празници се денови во кои несомнено се троши голем дел од семејниот буџет.

Новогодишната елка и подароците под неа, лампионите, светилките, убавата бајковита позитивна енергија во домот, насмевките на децата, се само дел од спомените кои остануваат и се прераскажуваат. Но, дали некогаш претеруваме во желбата да ги видиме децата весели? Добиваат ли децата премногу подароци?

Дали подеднакво се ценат еден, два или 15 џемпери, или можеби една, две или 15 јакни, кукли, колички и доколку се имаат 15, дали ќе се задоволат со која било во иднина, или следната треба да биде спектакуларна и значајно да се разликува од се досега што сè има дома?

Преголемиот број подароци помалку се ценат

Ако детето добие премногу подароци нема да ги цени подеднакво, како во случај да ги добие во помал број или дури само еден. Радоста ќе биде сигурно голема, но кратко ќе трае. Следните празници со сигурност нема да помине со помал број подароци. Па оттука произлегува прашањето, кој е прифатлив број на подароци?

Бројот на подароци генерално зависи од семејството, односно од тоа што можат да си го дозволат. Важно е да се знае што и колку може семејството да поднесе и да не се преминува таа граница. Важно е да бидеме реални. Клучот е во тоа што квалитетот е поважен од квантитетот. На децата не им се потребни 20 подароци за да бидат среќни. Доволни се 2,3 па дури и еден, ако е внимателно смислен, посакуван и ги задоволува желбите упатени до Дедо Мраз.

Одредете правила и граници

Правилата и границите се важни во сè, вклучувајќи го и дарувањето. Возрасните се тука, смислено да одредат што и колку детето може да добие. Пример еден подарок од Дедо Мраз, еден од родителите, еден од баба/дедо/тетка/вујко/чичко. Од големо значење е да ги одредите и финансиските граници. Ако не можете да одвоите некој износ, тогаш не го правете тоа. Намалете го доживувањето и пробајте со помалку пари да ја исполните детската желба.

Размислете за доживување на моменти

Она што дел од родителите во последно време го практикуваат е подарување на искуство, односно доживување. Тоа може да биде во форма на патување, посета на некое место кое предизвикува радост кај децата, скијање, концерт, театар, претстава. Родителите секако најдобро знаат што ги прави среќни нивните деца.

Напишете писмо до Дедо Мраз

Кога детето пишува писмо до Дедо Мраз бидете од помош. Со таа помош ќе го насочите да ги намали доживувањата кои честопати се претерани. Ако детето напише дека сака сет од Лего коцки, а вие знаете дека не можете да си го дозволите тоа, треба да пробате да му објасните дека на пример и други деца ќе сакаат лего коцки, па поради тоа фер би било да побарате некој помал сет, како би можел Дедо Мраз да однесе на сите деца. Нормално, сето ова ќе зависи од возраста на детето.

Нека сонуваат големи соништа

Тоа што подароците и желбите ќе бидат ставени во граница, не значи дека не смеат да замислуваат разни подароци. Нека почнат на време да прават листа на желбите, па кога ќе дојде време за подароци, нека одберат само три. Така ќе ги одберат само оние кои навистина ги посакуваат и им се најважни.

Важно е да не заборавиме дека ние, родителите сме тие кои ги насочуваме децата. Во нас, децата се огледуваат и нè имитираат. Ако во нашите мисли се врти идеја дека детето добило премалку подароци и чувствуваме грижа на совест поради тоа, детето тоа ќе го почувствува и нема да биде задоволно.

Извор

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,755FansLike
3,387FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ