-1.2 C
Skopje
Thursday, December 19, 2024
spot_img

Цветанка Бурзевска: Сакајќи да им угодиме на децата, го губиме авторитетот во воспитувањето

Секое дете е посебно. Родителите со тоа што им дозволуваат сè на своите деца, ненамерно грешат. Живееме во брз свет, константно сме надвор, немаме време за себе, ги туркаме на страна за да ги завршиме работите кои нè чекаат. Често поради тоа внимание кое сакаме да го посветиме на нашето дете, ние го губиме авторитетот, вели Цветанка Бурзевска, лиценциран психолог,основач на ГАТ

Колку емоционалната интелигенција е важна за самосвесност и одговорност кај нас луѓето?

Цветанка Како индивидуи потребно е секој да биде свесен за своите емоции, да знае како да ги контролира своите емоции. Важно е да научиме што е емоционална интелигенција, зошто ни е потребна. Тука би ја спомнала и емоционалната писменост, односно да процените како се чувствувате, како се однесувате во даден момент, доколку си дозволите да ве изнервира некој, да застанете на тој момент и да се вратите. Емоционалната писменост ни помага да го намалиме тој афект, кога ќе влеземе кога сме во таква ситуација.

Во секојдневниот живот се случува и во продавница кога ќе отидете, на некој му се врза, или на продавачката не ѝ е денот … Емоционалната интелигенција ни помага во тие мигови да се собереме, да станеме свесни за своите чувства и емоции во тој момент, да пробаме да анализираме и да продолжиме понатаму.

Дали може емоционалната интелигенција да биде злоупотребена од некој? Зошто е важна емоционалната интелигенција кај лидерите и дали знаат некогаш да ја злоупотребат?

Цветанка Понекогаш лидерите не се свесни за своите постапки и колкава одговорност носат, не само за себе, туку за целиот тим. Во приказната се вклучени сите. Доколку лидерот не е емоционално интелигентен, доколку не знае како вработениот ќе се почувствува доколку му кажат нешто искрено, притоа доколку е хиперсензитивен, па да го сфати како навреда и ги потисне тие емоции, не сме направиле ништо.

Што е авторитет? Како може да го дефинираме?

Цветанка Авторитетот како и сè друго, се учи. Јас сум психолог и имам авторитет врз другите деца, но врз сопственото немам. Тоа е така затоа што јас така сум се поставила. Не сум ги поставила доволно добро границите.

Секое дете е посебно. Родителите со тоа што им дозволуваат сè на своите деца, ненамерно грешат. Живееме во брз свет, константно сме надвор, немаме време за себе, ги туркаме на страна за да ги завршиме работите кои нè чекаат. Често поради тоа внимание кое сакаме да го посветиме на нашето дете, ние го губиме авторитетот. Го ставаме авторитетот на страна.

Дали дигитализацијата влијаеше врз авторитети во воспитувањето, врз нашите деца?

Цветанка Тоа е проблем, но не треба да заборавиме дека тоа е нивно време. Ние сме израснале во друго време. Нашите мајки, татковци, баби, дедовци, живееа во сосема друго време. Секое време си носи свои предизвици и промени. Не можеме скроз да ги тргнеме, но може да го ограничиме времето. Децата имаат онлајн часови и се пред компјутер. На моето дете му го ограничувам она што треба да го гледа и што не треба. Го ограничувам времето кога гледа и колку гледа. И да се лути и да покажува револт, му поставувам граница, дека тоа не е во ред. Од друга страна, доаѓале деца кои играле едукативни игри кои им помогнале да почнат да зборуваат. Таков тип на дигитализација е во ред.

Докуменатарен магазин Приказна

И ние возрасните се соочуваме со проблеми со авторитети.

Авторитетот на работа многу ретко се почитува, особено од клиенти кои доаѓаат од поголеми организации каде што тука има борба на его, каде што секој се бори да се докаже, покаже, па доаѓаат во конфликт прво со самите себе, па и со другите.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,756FansLike
3,387FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ