-1.2 C
Skopje
Thursday, December 19, 2024
spot_img

Студентите од Технолошко-металуршки факултет со изложба на дизајни инспирирани од Молиер

Вечерва, 17 октомври, во 19 часот, во главниот хол на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, под мотото „Ние сме УКИМ, ние сме едно семејство“, ќе бидат презентирани модни дизајни на студентите од Технолошко-металуршки факултет – Институт за дизајн и инженеринг на облека.

Изложбата на дизајни насловена како „МОЛИВЕРЗУМ/MOLIVERS“ се реализира во соработка со Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на УКИМ во Скопје и Францускиот институт во Скопје.

Оваа изложба е остварување на првата фаза од еден амбициозен и обемен проект, чијшто добитник и носител е Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, по објавениот интерен конкурс за распределба на средства за културни, спортски активности и други манифестации на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, за оваа година.

Втората фаза вклучува наградно патување на студентите и нивна изложба/инсталација во Париз.

Третата фаза ќе биде презентација и декорирање на излогот на Францускиот институт во Скопје.

Целокупната реализација на проектот е под менторство на професорките Лидија Георгиева, Ирина Бабамова и Снежана Петрова.

За инспирација во креирањето на модните дизајни, студентите го зедоа големиот француски писател Молиер. Годинава се одбележуваат јубилејни 400 години од раѓањето на Молиер.

„Читајќи ги Тартиф, Мизантроп или Дон Жуан, согледавме дека светогледот на Молиер е актуелен и денес во нашиот универзум/метаверзум. Тоа нè охрабри да замислиме како би изгледале неговите ликови денес, со користење на модерната технологија, а со тоа на еден оригинален начин да го одбележиме и јубилејот од неговото раѓање“, вели професорката Лидија Георгиева.

Во рамките на настанот, од фондот на НУБ ќе бидат изложени и две витрини со избор од творештвото на Молиер.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,755FansLike
3,387FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ