0.8 C
Skopje
Thursday, December 19, 2024
spot_img

Наде Богоевска: Милениците даваат безусловна љубов

Приказна Како започна вашата приказна?

Наде Богоевска Нашата приказна е од најмали години. Замислата и реализација на една ваква идеја која ќе биде со социјална компонента и социјално претприемништво, се развиваше од најмали години. Започна како желба и хоби. Имавме идеја да работиме нешто во кое се пронајдеш себеси.

Реализацијата на АВ АВ започна во 2017 година, преку основање и креирање на фирма, изработка на едно место од рециклирани материјали, со цел да се овозможи создавање на центар за миленици, со што повеќе услужни единици за сопствениците на миленици.

Приказна По што сте препознатливи за милениците и нивните сопственици?

Наде Богоевска Од најмали години, јас и мојата партнерка Михаела имавме пакет идеи, како и што сакаме да реализираме, кон што да се насочиме, како тоа да изгледа.

Најпрво, се водевме од идејата, бидејќи сме сопственици на миленици, а секогаш милениците што сме ги чувале, биле собрани од улица. Што можат да направат две млади девојки? Една стартап компанија, за да можат да помогнат на оние што се бездомни, да се овозможи онаа мисија и цел по која се водиме од почетокот до ден денес. Тоа значи отворање на сопствен приватен бизнис, во кој, дел од профитот ќе го одделуваме за бездомните кучиња, без разлика дали тоа ќе биде преку финансиски средства, храна, медицинска помош, и слично.

Овој центар за миленици е прв центар во Македонија којшто се основаше во 2017 година, со компонента од европски елементи и правила по кои се водиме. Достапност на самите сопственици, односно промовирање на овој модел, кој најпрво функционираше како кафуле за миленици.

Ние се доближивме до нашата таргет публика. Им овозможивме да дојдат кај нас и да го запознаат центарот за миленици, па потоа ние се обидувавме и се обидуваме да ги научиме на придобивките, кои ги носат милениците во вашите животи.

Отварајќи ги услужните единици дел по дел, се менуваа идеите и компонентите, во однос на потребата на граѓаните и на миленици. Ние заклучивме дека 24 часовна нега врз база на лица, стручен тим којшто е обучен за миленици, е нешто што им треба, со цел да се реализира онаа компонента којашто претходно сме ја имале, односно ќе го оставам миленикот кај баба, дедо, пријател или ќе замолам некој.

Втората компонента беше достапноста преку социјални медиуми и Вибер, односно да бидеме достапни не само за одговор, за тие сопственици чии миленици престојуваат кај нас, туку и преку слики и видеа, да може да го видат ликот на миленикот како си поминува кога доаѓа кај нас.

Дневната градинка на АвАв

Приказна Како реагираат луѓето на вашиот концепт и приказна, се менува ли свеста?

Наде Богоевска Да, на почеток беше чудно. Отворањето на дневната градинка донесе многу прашања. Дотогаш кај нас немаше таква услужна единица.

Се поставуваа прашања дали тоа значи како кога своето дете го носам во градинка, кои се правилата, каков е начинот, зошто е потребно.

Дневната градинка е еден вид на приватна градинка каква што имаат децата. Во неа, ние сме достапни, имаме свое возило, за да не трошат време сопствениците на кучињата. Ги земаме милениците од нивниот дом, ги носиме тука, им ја овозможуваме социјализацијата која е потребна. Работиме со нив на основните манири, се приближуваме до најразлични карактери и секојдневно, работата ни е различна. Поголемата тешкотија е што немаме вербална комуникација, туку работиме со фацијална експресија. Имаме фризерскиот салон, тренинг центар, хотелот беше нешто што веќе го слушнале луѓето. Па така и концептот на работата и просторот до ден денес се прифатени, но, прво мора да се дојде на гости, да се види како изгледа сето тоа.

Од снимањето на Приказна

Приказна Зошто е важно да се грижиме за милениците?

Наде Богоевска Со грижата кон милениците, кај нас развиваме одговорност, грижа, човечност, љубов. Кај некој е поизразена, кај некој не. Кога имаш миленик немаш избор. Тоа не е цвеќе кое не знае да ти одговори, тоа ќе си ги побара своите потреби. Секако тука е и психичкиот елемент. Милениците помагаат во психичкото и менталното здравје кај секој од нас.

Не би сакала да го прескокнам ни делот со најмладите. Грижата за милениците кај децата предизвикува развој на одговорност.

Приказна Зошто е убаво да се има миленик?

Наде Богоевска Убаво да се има миленик, затоа што имаш една безусловна љубов. Јас искрено не знам дали некогаш можат да те налутат или да направат некоја беља… Може само да те насмеат во моменти на ова бурно секојдневие кое го имаме.

Тие поттикнуваат да бидеме физички активни. Со миленикот немаш избор. Мораш да излезеш да прошеташ. Тука е и социјалната комуникација. Ние некако се одалечивме во пандемијата. Прошетката со миленик не ти дава избор, бидејќи ќе направите муабет, а на тој начин, ќе се активира и таа социјална компонента.

Документарен магазин Приказна на тема миленици

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,756FansLike
3,387FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ