6.8 C
Skopje
Sunday, December 22, 2024
spot_img

СКОПЈЕ НА ГАСТРОНОМСКА МАПА НА ЕВРОПА: МАТО НАПОЛЕТАНО ОД СКОПЈЕ, ПОМЕЃУ НАЈДОБРИТЕ 50 ПИЦЕРИИ ВО ЕВРОПА

Вчеравечер на свечен настан во Театарот Сан Бабила во Милано беа доделени годишните награди за 50 најдобри пицерии во Европа. За прв пат во историјата, еден македонски угостителски објект се најде помеѓу добитниците, Траторијата Мато Наполетано од Скопје.

Траторијата Мато Наполетано од Скопје која гурманите во регионот веќе ја знаат,  препознаена и од строгите меѓународни инспектори на топ 50.  Инспиекторите им доделија признание, со што траторијата од Македонија успеа  да влезе меѓу европската гастрономска елита.

Признанието го примија идејните творци зад брендот Мато Наполетано, Зоран Васиљевиќ и Дане Кузмановски.

„ Вистинско мерило за нашиот успех е задоволството на нашите гости. И препознавање на високите стандарди од експертите во оваа индустрија, ни годи. Конечно и Скопје е поставено на европската гастрономска мапа, поради што сме горди. Тоа е наш придонес за градот во кој живееме” искоментираа кратко во изјава по доделувањето.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,762FansLike
3,389FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ