9.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
spot_img

Северна Македонија на 57. место според Индексот на слобода на медиуми на Репортери без граници

Македонија е на 57-то место од 180 светски држави и територии во најновиот  Индекс на слободата на медиумите на „Репортери без граници“ за 2022 година. Годишниот извештај по традиција се објавува на 3-ти мај – Светскиот ден на слободата на медиумите.

Годинава имаме напредок од дури 33 места на ранг-листата, во однос на минатата година, сепак мора да се нагласи дека  оваа драстична промена, генерално е резултат на на новата методологија за мерење на индексот.

20-тото мерење на Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници има целосно променета методологија, која сега слободата ја дефинира како: „ефективна можност за новинарите, како индивидуалци или групи, да избираат, создаваат и шират вести и информации од јавен интерес, независно од политички, економски, правни и општествени влијанија и без закани по нивната физичка и психолошка безбедност“.

Според новата методологија се користат пет нови показатели во пресметување на оценката – политички контекст, правна рамка, економски контекст, социо-културен контекст и безбедност.

Според  Репортери без граници во Македонија „иако новинарите не работат во непријателска атмосфера, сепак раширените дезинформации и недостаток на професионализам придонесуваат во намалената доверба кон медиумите во општеството која ги изложува независните медиуми на закани и напади“.

Македонија е во горниот дел, зад  Хрватска (48-мо место) и Словенија (54). По нас, од регионот, следуваат Косово (61), Црна Гора (63), Босна и Херцеговина (67), Србија (79), Бугарија (91), Албанија (103) и Грција (108).

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,277FansLike
2,911FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ