0.8 C
Skopje
Wednesday, December 25, 2024
spot_img

Што се наоѓа на менито на познатата дива Џенифер Лопез?

Одржувањето на здрава и убава фигура не е нималку лесно. Латино американската пејачка, глумица и ТВ водителка Џенифер Лопез која во јавноста е позната по нејзината прекрасна фигура, открива што сѐ се наоѓа на нејзиното дневно мени.

–       7 чаши вода

Џеј Ло не ја заборава хидратацијата. Нејзиниот минималниот внес на течности е 7 чаши. Хидратацијата која често ја занемаруваме е една од најважните работи кои може да ги направиме за нашето здравје. Доколку ви претставува проблем да ги броите чашите вода кои сте ги испиле или сте заборавиле да се напиете, постои мобилна апликација која ќе ве потсети и ќе ви го олесни следењето на внесот на течности на дневна основа.

–       Здрави јаглехидрати

Џеј Ло добро знае дека убавата фигура се гради во кујна, па поради тоа ја избегнува индустриски прехранбената храна. На нејзиното мени се наоѓа органско овошје и зеленчук и немасни извори на протеини, како што се белки од јајце и бело месо. Лососот и е омилен, бидејќи е добар извор на омега-3 масни киселини, додека пак здравите масти ги добива благодарение на јаткастите плодови. Од зеленчук претпочита зелен листест зеленчук, а ги избегнува морковот и пченката бидејќи имаат високо ниво на шеќер. Од здравите јаглехидрати на менито се наоѓаат интегрален ориз, киноа, сладок компир и овесна каша.

–       Дневно мени

За појадок најчесто пие смуди со бобинки, грчки јогурт, цимет, сок од лимон и протеинска храна. Кога има време сака да појадува овесна каша со шумско овошје. Не пие кофеин, па поради тоа најчесто наместо кафе пие една од 7-те чаши вода. Често тренира наутро и во текот на тренингот особено води сметка да пие доволно количина вода.

За ручек избира пилешко или мисиркино месо, лосос и салата од зеленчук зачинет со лесен дресинг кој е составен од маслиново масло и сок од лимон.

Вечерата е иста како ручекот, со зголемен внес на здрави јаглехидрати во форма на ориз или киноа. Шеќерот е нешто што го избегнува, но, сепак знае еднаш неделно да се почести со сладолед, парче торта или омилените кекси со парчиња чоколадо.

Клучот е во умереноста.

Какво е вашето дневно мени?

Извор

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,762FansLike
3,389FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ