-2.2 C
Skopje
Sunday, December 22, 2024
spot_img

Бранко и неговиот син ќе добијат помош да ја обноват куќата што изгоре до темел

Приказната за Бранко Цветковски, самохран татко на дете со попреченост, чија куќа изгоре до темели, која ја објави „Приказна“ и „Срце на дланка“ е на пат да доживее среќен крај. Градоначалникот на „Ѓорче Петров„ денеска сподели ќе понудат помош, до трајно решение на проблемот.

„Потресна е животната сторија за чичко Бранко и неговиот син, лице со попреченост во развојот. Куќата во која живееле е уништена до темел во септември. Таа би била функционална само ако се изгради одново. За жал, тој изгубил сѐ што имал. Летото го поминувале во подрумските простории, а извесен период живеат кај роднини. Се заложивме да направиме сѐ што можеме за да најдеме привремено сместување и достојни услови за живот, додека трајно не се реши проблемот. Општината ќе помогне и финансиски во рамки на програмата за помош на лица со социјален ризик. Делуваме и институционално. Веднаш испративме и допис до Центарот за социјални работи, преку кој посочивме дека има согласност од таткото за синот да биде сместен во интернатот на средното училиште каде што учи, со цел да добие значително подобра грижа и нега“ објави градоначалникот Стојкоски.

Целата приказна тука:

ОД КУЌАТА ИМ ОСТАНА ПЕПЕЛ: Самохран татко на дете со попреченост очајно бара помош за синот

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,762FansLike
3,389FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ