8.8 C
Skopje
Tuesday, October 22, 2024
spot_img

Пандемијата го зголеми стравот и анксиозноста

Ситуацијата со корона вирусот ги принуди луѓето да го сменат начинот на живот, а воедно и со тоа да излезат од својата комфорна зона.

Од платформата за професионални психолози и советувачи-Разговор.мк, откриваат дека најголем дел најголем дел од луѓето кои побарале помош, се луѓе кои се соочуваат со анксиозност, панични напади, а чести се и проблемите во комуникација. Според Георги Михаилов, сопственик на оваа платформа, често за помош им се обраќаат и родители за нивните деца, како резултат на ситуацијата со пандемијата.

За жал, оваа појава сè почесто ги погодува и најмладите, а старосната граница е во константен пад. Најмалиот пациент во Македонија кој имал потреба од редовна психолошка поддршка има само седум години.

Психологот Јасмина Јонуз смета дека пандемијата дефинитивно влијае на разни проблеми во менталното здравје, особено кај анксиозноста и кај анксиозните растројства. Читав истражувања кои укажуваат дека на американска почва, психолошките сервиси пораснале за дури 60%. Во Македонија ние сè уште немаме официјална статистика, колку што сум запознаена. Но, мојот впечаток е дека како во државниот, така и во приватниот сектор, условите се слични. А тие говорaт дека дефинитивно имаме зголемена побарувачка за психолог и тоа најчесто за анксиозност, додава психолог Јонуз.

Според СЗО, секој петти човек развива симптоми на депресија, а 75% од луѓето со тешка депресија, не се лекуваат. Повеќе од педесет милиони луѓе се соочуваат со депресивни нарушувања, a 128.000 годишно извршуваат самоубиство. Оваа болест е втора водечка причина за смртност во светот кај популацијата од 15 – 29 години, веднаш по сообраќајните несреќи.

Луѓето кои страдаат од анксиозност, често имаат одредени предизвикувачи кои можат да ги зголемат нивните симптоми или да доведат до чувство на паника.

Би сакала да ги објаснам разликите на поимите анксиозност и анксиозно растројство. Анксиозност имаме сите, вели психолог Јонуз. Таа додева дека анксиозноста е еден природен механизам кој го имаме сите во себе. Тој не заштитува и не мобилизира, значи тоа е нормална појава. Проблемот се случува тогаш кога анксиозноста станува прекумерна, па почнува да ни создава проблеми во секојдневието. Ние сме оневозможени да функционираме, да реагираме, не ограничува. Тоа е веќе состојба на анксиозно растројство, вели психологот Јасмина Јонуз.

Анксиозноста е нормален човечки одговор на стресот. Нормално е луѓето да бидат загрижени кога се соочени со финансиски предизвици, почнуваат нова фаза во животот или глобална пандемија. Оваа загриженост е од суштинско значење за опстанокот на нашиот вид бидејќи ни помага да најдеме начини да ги избегнеме опасните околности. Стресните ситуации се дел од животот, а важен дел од справувањето со анксиозноста е учење ефективни стратегии за справување кои им помагаат на луѓето да управуваат со својата вознемиреност за време на стрес.

Вежбајте јога, слушајте музика, медитирајте. Јадете избалансирани оброци, ограничете ја употребата на алкохол. Спортувајте, движете се. Поминете повеќе време во природа. Прошетајте покрај река, пешачете низ шума, најдете нешто што ќе ви помогне да ја ослободите напнатоста.

За Приказна,

Вики Чадиковска,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,687FansLike
3,354FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ