6.8 C
Skopje
Sunday, December 22, 2024
spot_img

Нездравата исхрана е полоша за здравјето од тутунот

Храната е единствен извор на енергија во човечкиот организам. При физиолошката рамнотежа на глад и ситост се консумира храна до задоволување на енергетските потреби. Енергијата е потребна за сите животни функции, кои ги извршува нашиот организам. Балансираната исхрана овозможува добро здравје и успешно справување со болестите.

Кога консумираме храна која дава многу енергија, ние ја зголемуваме нашата телесна тежина, што води до една нездрава состојба која се вика здебеленост. Од друга страна, кога не внесуваме доволно енергија која ни е потребна, тогаш ја губиме тежината, а со тоа имаме друга нездрава состојба која се вика неисхранетост или малнутриција.

Истражувањето објавено во списанието „The Lancet“ во 2019, открива дека нездравата исхрана предизвикува околу 11 милиони смртни случаи годишно. Нездравата исхрана е полоша за здравјето од тутунот и високиот крвен притисок, укажуваат податоците од ова истражување.

Една од најтешките работи при промената на навиките и водење на здрав животен стил е носењето на одлуката. Обично промената на исхраната и навиките се случува кога е нарушено здравјето, односно кога ќе се појави некаков здравствен проблем. Она што јадеме секој ден влијае на нашето здравје и на тоа како се чувствуваме сега и во иднина. Добрата исхрана игра важна улога за здравиот начин на живот, смета Емилија Спасовска Мојсовска, нутриционист.  

Изборот на храна има големо влијание врз животната средина. Ова е тешко да се забележи од причина што влијанијата се во многу фази и се релативно долг процес. Храната на патот од фармата до садовите, во процесот на производството, преработката, транспортот и складирањето, може да изискува големи количини енергија, вода и хемикалии. Ова ја загадува храната, но и животната средина, а може да ги загрози живите организми и да предизвикува климатски промени.

При производството, преработката, транспортот и складирањето на храната се употребуваат различни хемикалии и технологии кои може да влијаат врз животната средина. Најчесто употребувани се ѓубривата и пестицидите, а во поново време се користи и генетскиот инженеринг како технологија во производството на храна.

Мојата перцепција е дека апсолутна безбедност не постои во ниту една област. На светско ниво, поставена е дефиниција дека за безбедна храна се смета онаа храна на која и се минимизирани опасностите, а опасностите во храната може да бидат микробиолошки и физички и хемиски опасности, вели др. Ката Стојановска, раководител на одделение за заштита на потрошувачите при агенцијата за храна и ветеринарство.

Безбедноста на храната во Република Македонија е регулирана со Законот за безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната.    

Ние ги имаме законските прописи на ЕУ, имаме планирани активности како институција, но имаме и мониторинг програма, а таа програма 90% минатата година беше реализирана, што значи се земаат примероци за лабораториски испитувања и се тестираат опасносностите за кои зборував, односно хемиските опасности и минатата година ние имавме многу мал број на позитивни мостри. Сето тоа оди во прилог дека храната во нашата држава можеме да ја категоризираме како безбедна храна, додава др. Ката Стојановска, раководител на одделение за заштита на потрошувачите при агенцијата за храна и ветеринарство.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,762FansLike
3,389FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ