6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024
spot_img

Вакцинација е светло во мракот

„Вакцинацијата е светло во тунелот“ – вака размислуваат најголем дел од  стручните лица и лидерите во врска со вакцинацијата како решение на пандемијата со ковид. Крајот на 2020 ги донесе и првите вакцинации.

 
 

Во 1956 година со цел да ја врати довербата кај јавноста во врска со вакцините против детска парализа, САД ја искористи популарноста на кралот на рокенролот-Елвис Присли, кој беше вакциниран јавно. Денес ситуацијата во врска со довербата во вакцината против ковид е малку поразлична. Улогата на Присли пред јавноста ја превзедоа политичарите, лидерите на земјите како и здравствените авторитети кои почнаа да се вакцинираат јавно.

Првите вакцини по земји ги примија жени: Маргарет Кинан од Британија,  Анита Киданген од Канада, Сандра Линдзи од САД,  Мариа Ирене Рамирез од Максико, Марлин Памбуан од Коста Рика, домаќинката  Морисет од Франција. До 1 јануари вкупно 9,95 милиони луѓе во светот ја примија првата доза на вакцини за коронавирус. Повеќето луѓе се вакцинирани во Кина, а потоа следат САД, Велика Британија и Израел.

Британија e првата земја во светот која ја започна имунизацијата со вакцината за коронавирус Фајзер на Боинтек. Одобрена е и втората на Астра Зенека.  Планот за имунизација ги опфаќа здравствените работници, но и возрасните лица, како приоритени категории. Поради зголемената вирулентност на новиот подвид на коронавирусотБританија се одлучи на промени во стратегијата за вакцинација. Наместо втората доза да се дава 3 недели од првата, ќе ја даваат по 12 недели. Овие промени се направени со цел да се вакцинираат што повеќе луѓе барем со една доза, за да бидат колку толку заштитени. Тимот на Фајзер не се согласи со оваа одлука.

Канада  и САД скоро во исто време ја започна имунизацијата. Владата на Канада  во стратегијата за имунизација, приоритет  им дава на медицинските лица и повозрасните “, но, ги има во вид и „контактите во домаќинството на оние со висок ризик од тешка болест и смрт“ како потенцијални приоритети.  Во САД  на 14.12.2020 почна најголемата програма за имунизација.

Вакцинацијата низ цела Европска унија, започна на 27 декември. Со имунизацијата ќе биде опфатена  полиција, пожарникари и наставници,  како и здравствените работници.

Главен приоритет на планот за имунизација во Јапонија се повозрасните граѓани со хронични заболувања. На граѓаните ќе им бидат издадени купони кои ќе го означат нивниот редослед на приоритетната листа.

Нов Зеланд ќе започне бесплатно да ја вакцинира целокупната популација до средина од годинава, за што потпиша договор со фармацевтските компании АстраЗенека и Новавакс.

Француската влада го достави до собранието законот познат и како „зелен вакцина пасош, со кој им се овозможува на вакцинираните пристап до јавниот превоз, рестораните, културните институции и други јавни места. Шпанија ќе направи регистар на лица кои ќе одбијат да се вакцинираат против ковид-19 и ќе го сподели со останатите земји членки на Европската Унија.

Индонезија ја доби првата пратка вакцини од Кина. Обединетите Арапски Емирати и Египет ја одобрија употребата на кинеската вакцина, а и Турција потпиша договор со кинеската фармацевтска компанија Синовак Бионтек за купување 50 милиони дози од вакцината против коронавирусот, која во моментов е во третата фаза на испитување.

Русија лани во август ја регистрираше својата вакцина Спутник 5 со која  ја вакцинира својата популација. За оваа вакцина  интерес покажале Бразил, Египет, Индија, Мексико, Венецуела. Не е исклучена ни Унгарија, која иако е членка на ЕУ, веќе нарачала од оваа вакцина, а јавно порачаа дека ќе ја нарачаат и кинеската вакцина.  

Израел е лидер по бројот на вакцинирани против коронавирус, според податоците на организацијата „Our World in Data“ која објавува информации за вакцинација против коронавирус на дневна основа.

И нашите соседи почнаа со вакцинација. Србија започна на 24.12,  Бугарија, Словенија и Хрватска на 27.12.2020, Грција на 29 декември.

Покрај стратегиите за тоа кој се’ треба да се вакцинира, земјите ширум светот различно реагираат во поглед на прашањето дали вакцинацијата да биде задолжителна или не.  Поголем дел од ЕУ државите веќе го презентираа својот став, по кој вакцинирањето треба да биде на доброволна основа. Франција, Шпанија, Италија веќе ја потвдија оваа своја одлука. Премиерот на Австралија ја разгледува можноста за задолжителна вакцинација.

Поверојатно од воведување обврска за вакцинирање е дека во иднина вакцината ќе биде предуслов за учество во општествениот живот.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,097FansLike
2,009FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ