19.8 C
Skopje
Thursday, September 19, 2024
spot_img

Лична приказна за сајбер насилство: Немав шанса да се одбранам


Соученици сликале ученик на онлајн час по физичко во едно основно училиште во реонот на Скопје. Фотографиите ги споделиле на социјалните мрежи, користејќи навредливи коментари за својот другар од училишните клупи. За жал, ова не е редок случај на повреда во сајбер просторот.

Еве и уште еден случај. Сведоштвото на ова дете го пренесуваме анонимно, со цел да го заштитиме неговиот идентитет. Детето беше вознемирено, а родителите ни кажаа дека кога тоа се случувало,  момчето плачело, сакало да се затвара во соба, било вознемирено и исплашено. 

Приказна: Како комуницирате со другарчињата, се слушате, се гледате? Како се дружите?

Момче: Па, сега во пандемијава, со моите другари повеќе се дружиме преку мобилен телефон. Така се дружиме.

Приказна: Каква е вашата комуникација? Имате ли некое лошо искуство, додека комуницирате преку мобилните телефони?

Момче: Да.

Приказна Какво е тоа искуство?

Момче Пред некое време двајца мои другари почнаа да спамаат вулгарни и навредливи пораки на мојот вибер.

Приказна Само со тебе или имаше и други деца?

Момче Не, само  мене.

Приказна Тоа беше еднаш или се случуваше повеќе пати?

Момче Траеше една недела.

Приказна Што направи ти? Како реагираше?

момче Па, пробував да одговорам, но не можев, бидејќи тие беа двајца, а јас бев сам. Немав шанса да се одбранам од тие работи кои ги кажуваа за мене.

Приказна Што ти кажуваа?

Момче Не сум сигурен, да ги спомнам тие работи во емисијава.

Приказна Дали кажа на некој за ова? Разговараше ли во училиште, сподели ли со некој што ти се случува? На наставник или на педагог во училиште?

Момче Јас разговарав само со две мои другарчиња. Тие се многу добри другари, ги знам долго време. Не кажав на други.

Емисија: Сајбер силеџиство

Приказна  Зошто не споделуваше, се плашеше?

Момче  Страв ми беше ако кажам да не откријат двете деца и да продолжат.

Приказна  Не сподели со твоите родители?

Момче  Морав да им кажам едно сабајле, кога јас и татко ми појадувавме, мајка ми беше на работа. Тие почнаа да ми спамаат многу пораки, вулгарни и навредливи и татко ми се чудеше зошто телефонот ми добива толку многу нотификации. Јас му кажав зошто. Потоа тој и мајка ми почнаа да разговараат со нивните родители.

Приказна Дали потоа се смири со твоите другари? Дали пораките престанаа?

Момче После тоа престанаа пораките, со еден од моите другари се смирив, којшто разбра дека вистина направил нешто лошо и почна многу да ми се извинува.

За Приказна,

Вики Чадиковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,659FansLike
3,323FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ