„Трипадвајзер“ е најголемата светска платформа која на безброј патници им помага во планирање и реализација на патувањата ширум светот. Токму оваа компанија секоја година избира дестинации кои вреди да се посетат.
На почетокот на оваа година беа претставени ранг-листите со најдобрите дестинации и најдобрите плажи.

Во јуни, платформата го претстави списокот со атракциите и забавните паркови кои би можеле да ги посетите во 2022. Италија и Шпанија се наоѓаат на врвот за оваа 2022 година. Ова е ранг-листата со атракциите кои треба да се посетат според Трипадвајзер, оваа година:
- Црквата „Саграда Фамилиа“ во Барселона, Шпанија
- Колосеумот во Рим, Италија
- „Емпаер стејт билдинг“ во Њујорк, САД
- Центарот на Големата џамија Шеик Зајед во Дубаи, ОАЕ
- Галеријата Уфизи во Фиренца, Италија
- Плоштадот на Еспања, Севилја, Шпанија
- Игуасу водопадите, Бразил
- Римските бањи во Бат, Англија
- Градината на боговите во Колорадо Спрингс, Колорадо
- Фонтана Треви во Рим, Италија








Според Трипадвајзер, најдобриот забавен парк годинава е водениот парк Сиам Парк на Тенерифе.

Дали некоја од овие дестинации ќе се најде на вашиот план за патување годинавa? Која и да ја одберете сигурно нема да погрешите.