Дома Инспирација Чедо Бранковиќ: понекогаш јадеме храна и од канта за ѓубре

Чедо Бранковиќ: понекогаш јадеме храна и од канта за ѓубре

Чедо е младо момче кое има 28 години, но дупло повеќе наталожени проблеми. Какомал живеел во заедница со неговите баба и дедо и бил многу поврзан со нив. Но, откако умираат и баба му и дедо му, а, подоцна и татко му, сè во неговиот живот оди како што не треба.

Нема достапен опис

Чедо има сериозни здравствени проблеми. Уште во средно училиште се лекувал за да остане смирен, но дополнително здравјето му се влошува кога сознава дека татко му нема да може да се спаси. Дотогаш татко му бил единствен извор за пари, па со неговото легнување во постела, ова семејство останува без вода и струја, без основни услови за живот.

Состојбата на татко му почнала да се влошува последните две години. Тој иако болен и врзан за кревет, сепак од сите страни, и од најблиските, и од соседите, и од роднините и од службите бил напаѓан дека врши недозволени дела.

Од што бил толку болен татко му, Чедо и мајка му биле принудени секој ден да повикуваат брза помош. Од службата не сакале да доаѓа, па и покрај сиромашната финансиска состојба тие морале да го лекуваат приватно за да го спасат.

Два дена пред да почине, добиле упат за лекување во Скопје, но, татко му на Чедо не издржува. Ја испушта душата пред синот и сопругата, и заминува во некој поубав свет. Чедо и мајка му остануваат во распадната куќа, сами, со социјална помош од шест илјади денари.

„Едвај го погребавме татко ми. Сè уште должам за погребот – вели Чедо. Парите не стигнуваат за ништо. Переме алишта на рака. Се бањаме кога можеме ако загрееме вода на плинот. Трпиме за храна“, вели Чедо.

Имаме и долг од деведесет илјади денари. Иако долгот е стар со години не може да биде отпишан, додава Весна, мајката на Чедо.“

И нејзината здравствена состојба од проблеми не е добра.

Психички не сум добро. Пијам многу лекарства. Сè ми се собра. Долгови, сиромаштија, болести. Толку е силата. Пет години бевме принудени да јадеме храна од канти со ѓубре. Не земавме социјална помош цели пет години. И луѓето што ни даваат понекогаш храна не навредуваат. Зарем ние сакаме вака да живееме. Зарем јас сакам куќата од сите страни да ми тече. Во зима сме премрзнати. Од секаде тече кога врне. Толку ми е лошо што еден миг плачам, следниот се смеам. Психички попуштив со сите овие проблеми. Барем син ми да најде работа – вели Весна.

Чедо има една желба и апел до добриот народ. Да му се помогне да ја поправи куќата, и барем некој добронамерен човек да му најде некаква работа за да може да и помогне и на мајка му.

Се вели: „Сè додека се радуваме на туѓата среќа, и знаеме и на убавото и на маката да изреагираме со солзи, не треба да се плашиме. Луѓе сме!“

Па, можеме да го докажеме тоа и на дело и да им помогнеме на Чедо и на мајка му, зашто многу малку недостасува, тие да бидат добро! Фали само едно вработување за Чедо и средување на местото во кое тие живеат.

Доколку сакате да помогнете на ова семејство тоа може да го направите на сметката 210501751057338 или на телефонскиот број 077 568917

Автор

Оливера Петрушевска

Exit mobile version