Дома Вести УХМР предупредува: Од утре вистинска студена есен со дождови и засилени ветришта

УХМР предупредува: Од утре вистинска студена есен со дождови и засилени ветришта

Од утре вистинска есен

Управата за хидрометеоролошки работи, рано утринава на својата веб страница издаде предупредување дека настапуваат денови со поројни дождови и силни ветрови.

Од утре следува период на облачно време, преку ден значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет кои ќе почнат во западните делови од земјава, а преку ноќта кон четврток ќе се прошират во останатите делови. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, се вели во предупредувањето.

Вакво време се очекува и во соседните земји.

Републичкиот хидрометeролошки завод на Србија исто така издаде предупредување дека во деновите пред нас ќе има урагански ветрови, со налети до 120 километри на час.

На нивната интернет страница стои дека од денес се очекува облачно време во сите делови на земјата, а дождовната зона од север и запад ќе ги опфати другите делови од регионот, се очекува и силен ветер во деновите што следат.

– До петок, ветровито со силен и бурен југоисточен ветер, кој денес и во четврток ќе достигне удари од 120 метри во секунда – се вели во предупредувањето на РХМЗ на Србија.

Значи, од утре не очекува вистинското есенско време.

Exit mobile version