Суперхероите претпразнично ги посетија децата-пациенти на Клиниката за детски болести во Скопје, предизвикувајќи радост и насмевки.
Волонтерите на Тимот за одговор при катастрофи – Тим за спасување на планина, облечени во костимите на детските херои, Спајдермен, Бетмен и Супермен, помогнати од Дедо Мраз, со јажиња се спуштија на Клиниката за детски болести.
На малите пациенти им подарија насмевки и новогодишни пакети за претстојните празници.
Настанот се одржува по четврти пат и е традиционална активност на Црвениот крст на град Скопје.