„Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, во продукција на „Сестри и брат Митевски“ доби две награди за развој на копродукцискиот маркет Синелинк на Сараевскиот филмски фестивал. Вториот филм на Дума доби по 10.000 евра за наградата Синелинк на Филмскиот центар на Србија и за наградата Женски гласови од Словенскиот филмски центар.
Од Агенцијата за филм, нагласуваат дека признанието кое пристигнува од Сараево е огромно, од најзначајниот регионален копродукциски маркет, бидејќи ‘Скејтањето не е за девојчиња’ беше во конкуренција за награди со 46 филмски проекти во развој во конкуренција, а го препознаа две жирија, меѓународни, составени од признаени филмски дејци независни едно од друго.
Проект на Дина Дума веќе од почетокот предизвикува големо внимание во меѓународните филмски кругови. Филмот беше селектиран и како еден од шест филма во најпрестижната програма за развој на Канскиот филмски фестивал 2022, Резиденс на Кан, во ателјето на Канската Синефондасион, со престој во Франција, Париз и Кан, од март до јули годинава.