Дома Uncategorized Пилинг за лакти и колена

Пилинг за лакти и колена

Недостатокот на хидратација води до потемнување на кожата на лактите и колената.

Кожата на колената и лактите честопати се занемарува, кога е во прашање негата на телото. Кожата на овие делови често е сува, а како одминуваат годините, таа може да потемни. Постојат многу причини кои доведуваат до потемнување на кожата. Недостатокот на хидратација е еден од нив. Темните лакти и колена може да бидат и последица на процесот на стареење.

Пробајте да и помогнете на сопствената кожа и со помош на лимоновиот сок како природно средство за избелување на кожата и да ја вратите нејзината убавина и Ph вредност. Медот е природен навлажнувач кој ќе хидрира и ќе и додаде сјај на кожата, а со тоа ќе ги намали знаците на стареење. Овесната каша се користи како грубо, но хранливо средство за пилинг.

Состојки:

  • 1 лимон
  • 1 лажица овесни снегулки
  • 1 лажица мед
  • Прстофат сол

Исцедете го лимонот во сад. Додадете ја лажицата мед во садот и измешајте ги двете состојки. Потоа, додадете ја лажицата овесни снегулки и солта. Направениот пилинг нанесете го на колената и лактите со кружни движења и нежно тријте 10 минути. Исплакнете ги деловите со млака вода и исушете ги. Нанесете гел од алое вера. Овој процес повторете го 3 пати во текот на неделата како би можеле резултатите да бидат видливи.

Exit mobile version