2.8 C
Skopje
Wednesday, December 18, 2024
spot_img

Сведштовото на мајка на дете со попреченост: Има денови кога јадеме само леб и сол

Детството Санела Каришиќ го минува многу тешко. На 17 години останува без татко. Речиси цел живот, живее со маки. Зашто не е лесен животот без татко-ќе рече таа. Мајка и ја принудила да се омажи млада, па така еден ден таа животот и надежите ги сели во Оризари, Велешко, надевајќи се дека загубата на татко и, ќе ја пронајде во љубовта на сопругот.

Од сегашна перспектива, откако се омажив животот ми стана бетер, вели Санела. Родив два сина, но, поголемиот е има аутизам и церебрална парализа, и можеби тоа беше пречка среќно да живееме. Сопругот ме изневеруваше и дома ми донесе друга жена. Таа му роди дете и јас морав да ја напуштам куќата. Ме пушти само со синот со попреченост. Другото дете ми го зема. Не дека до тој ден живеев убаво, но, веќе шест години сум сама без покрив на главата и со дете со попреченост, кое немам пари за да го нахранам. Зашто земам само 10.000 денари социјална помош, од кои морам да одвојам за кирија, сметки, храна, лекови. Од маките и тешкиот живот и јас повеќе не сум здравствено добра. Не знам за што попрво да одвојам од парите. Последниот залак го давам на синот. Има денови кога јадеме само леб и сол.

– Ја изгубив и помладата сестра. И нејзината смрт ме докрајчи. Многу бевме поврзани и не можам да ја преболам. Од тој ден и јас започнав да тонам. Добив парализа на телото од силен стрес. А морам да се грижам за син ми.

Оваа жена 24 часа во денот е врзана за куќата. Не смее да го остави синот Јасмин ниту минута, зашто тој прави несвесни потези. Мора и да го заклучува фрижидерот во кој кога ние со екипата дојдовме, имаше само едно тенџере со сварен грав кој синот мора со денови да го јаде.

– Нема што друго да му направам. Дете е, сака да јаде. Немам со што да купам храна. Нема кој да ми помогне вели таа. Побарав помош од државата за стан, ме одбија. Заглавив со сметки, немам како да ги платам. Ќе ме избркаат од куќава, а, каде ќе одам со моево дете вели таа, ќе останам на улица … Најтешко ми е за детето, немам што да му подадам, немам како да го исчувам … Затоа оваа мајка единствено се надева на помош од народот за да може да го спаси и својот и животот на своето дете.

Доколку сакате да му помогнете на Санела и нејзиното семејство, тоа можете да го направите на следниот телефонски број 071/308735 или следнава жиро-сметка 210501628103630

Автор Олиевра Петрушевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,754FansLike
3,387FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ