Дома Став Интервју Психолог Јасмина Трајановска: Децата се лесна мета на сексуални грумери, во онлајн...

Психолог Јасмина Трајановска: Децата се лесна мета на сексуални грумери, во онлајн просторот

Многу е битно да се проучи виртуелното насилство, токму поради тоа што многу често се случува кај младата популација и децата. Тоа е периодот на адолесценцијата која е критичен период за секоја млада личност којшто опфаќа една низа на когнитивни и емоционални промени. Тие промени може да се клуч за развој на детето. Многу често дигиталното насилство се случува во училишен денови. Доколку се жртви на истото, може да искусат психолошки последици, злоупотреба на дрога, алкохол и во краен случај, самоубиствени тенденции. Најчести последици кои се јавуваат кај дигитално насилство се намалени академски постигнувања, анксиозност, депресија итн.

Доколку кај детето се забележи промена во однесувањето или во физичкиот изглед, родителот конкретно пожелно е да не ја игнорира таа промена и да се обиде да дознае што се крие зад таа промена. Кога станува збор за ваков вид на насилство, самите жртви чувствуваат срам и страв да го споделат тоа. Постојат многу показатели кои може да помогнат при откривање на нешто посериозно. Тоа може да се промени во однесувањето дома, потиштеност, плачливост, раздразливост, кошмари, да нема апетит и слично.

Во прв момент кога родителот би дознал за ситуацијата, прво нешто што го обзема родителот е бес и лутина. Многу често родителите знаат да избувнат и тој бес да го пренесат на своите деца. Тоа е погрешно, нагласува психологот Јасмина Трајановска

Како би го дефинирале грумингот?

Јасмина Трајановска Сексуалните грумери се предатори коишто воспоставуваат врски со децата жртви за понатамошна експлоатација и злоупотреба. Врските ги воспоставуваат со создавање доверба со тоа дете, за понатаму да извлечат недвосмислени фотографии и видеа за понатамошна злоупотреба на истите. Жртви на предаторите се деца коишто се изолирани од социјални контакти, деца кои имаат помалку самодоверба, деца кои се повлечени и социјално неактивни. Тие се многу лесна мета. Предаторите го окупираат детето на емоционален, физички и сексуален начин при тоа не дозволувајќи му на детето да се потпре и да повика помош од семејството. Истите тие предатори прават изолација на детето од семејството.

Како да препознаеме дали некое дете е жртва на дигитално насилство?

Јасмина Трајановска Секоја форма на насилство која се случува преку дигиталните технологии може да кажеме дека е дигиталното насилство. Самите напаѓачи, знаат да кажат дека се шегувале, да не се сфаќа се сериозно. Но, доколку детето кое е жртва се чувствува непријатно и вознемирено и повредено, може да констатираме дека шегата отишла предалеку. Доколку детето кое е жртва кое побарало од предаторот да престане со шегување, а истото продолжи тогаш може да зборуваме за дигитално насилство.

Што значи се ова за психичкото здравје на детето?

Јасмина Трајановска Доколку детето искуси дигитално насилство, истото може да резултира со промени на психолошки план, промени кои може да резултираат со намалена самодоверба. Последиците кои детето ги доживува може да бидат ментални, емоционални и физички. Детето може да има чувство на лутина, на срам, страв, психосоматски заболувања, болки во гради, стомак итн.

Многу е битно да се проучи виртуелното насилство, токму поради тоа што многу често се случува кај младата популација и децата. Тоа е периодот на адолесценцијата која е критичен период за секоја млада личност којшто опфаќа една низа на когнитивни и емоционални промени. Тие промени може да се клуч за развој на детето. Многу често дигиталното насилство се случува во училиштен денови. Доколку се жртви на истото, може да искусат психолошки последици, злоупотреба на дрога, алкохол и во краен случај самоубиствени тенденции. Најчести последици кои се јавуваат кај дигитално насилство се намалени академски постигнувања, анксиозност, депресија итн.

Доколку кај детето се забележи промена во однесувањето или во физичкиот изглед, родителот конкретно пожелно е да не ја игнорира таа промена и да се обиде да дознае што се крие зад таа промена. Кога станува збор за ваков вид на насилство, самите жртви чувствуваат срам и страв да го споделат тоа. Постојат многу показатели кои може да помогнат при откривање на нешто посериозно. Тоа може да се промени во однесувањето дома, потиштеност, плачливост, раздразливост, кошмари, да нема апетит и слично.

Во прв момент кога родителот би дознал за ситуацијата, прво нешто што го обзема родителот е бес и лутина. Многу често родителите знаат да избувнат и тој бес да го пренесат на своите деца. Тоа е погрешно. Доколку тој бес се пренесе на детето, тоа ќе се чувствува виновно за тоа што не успеало само да се справи со проблемот, а од друга страна ќе се чувствува виновно затоа што предизвикало лутина кај родителот. Затоа е важно родителот да пружа поддршка на детето, ќе поминува повеќе време со него дома, разговарајќи и укажувајќи му дека не постои ниедна причина којашто е оправдано да резултира со насилство.

Многу често децата во вакви ситуации нема да сакаат да откријат се околу тоа, но заеднички може да стигнат до решение. Добро би било во вакви ситуации да се вклучи и стручно лице кое ќе помогне со успешно решавање со самата проблематика.

Понекогаш самите родители, несвесно и ненамерно го нормализираат дигиталното насилство. Многу често знаат да им кажат на своите деца обиди се сам да се справиш со ситуацијата, научи како тоа да го направиш, невнимавајќи дека на тој начин го туркаат детето кај сексуалните грумери.

документарен магазин Приказна

Според Поимникот на родово базирано насилство извршено со (зло)употреба на технологијата, кротењето во онлајн просторот (англ.online grooming) претставува предаторски облик на однесување со намера да се дојде во контакт со деца и со млади преку социјалните мрежи или други дигитални платформи, сè со цел сексуално насилство. Кротењето функционира на тој начин што кротителот (лицето што кроти) воспоставува лажна емоционална врска со лицето што му претставува цел и го намамува со цел да изврши сексуална злоупотреба, сексуална експлоатација (на пример, сексуална експлоатација преку присилна проституција) или трговија со деца. Во случаите на кротење во онлајн просторот, предаторите често и самите се претставуваат како деца или млади луѓе, а понекогаш кога ќе воспостават однос бараат средба во живо, што отвора можност за сексуална експлоатација и сексуално и физичко насилство во офлајн просторот.

Како можеме да препознаеме сексуален грумер?
Јасмина Трајановска
Тие навидум изгледаат многу нормални луѓе. Кај нив нормалното е многу нагласено. Прво влегуваат во семејството, се запознаваат со родителите, многу често знаат да воспостават врска со родителите, за подоцна да издејствуваат доверба кај родителите, за да го препуштат детето кај грумерот. Подоцна, тој користи стратегии одделувајќи го од семејството. Имаат заеднички тајни. Полека се случува една отцепеност од семејството. Тие грумери ги опсипуваат децата со подароци, имаат многу нагласени манири, без причина се однесуваат фино и добро. Истите тие грумери покрај што се физички присутни кај детето, паралелно ја користат и онлајн комуникацијата. Кога лице од доверба ќе ви побара фотографија или видео веднаш ќе им го испратите. Има и грумери кои се присутни само во онлајн светот.

Ване Маркоски

Exit mobile version