Дома Вести Ноќен полициски час за невакцинираните во Либан

Ноќен полициски час за невакцинираните во Либан

Либанските власти денес најавија дека ќе воведат ноќен полициски час за невакцинираните пред почетокот на божиќните празници.

Според либанскиот министер за здравство Фирас Абијад тоа е една од мерките за запирање на неодамнешниот пораст на зголемениот број заразени со Ковид-19 и мерка на претпазливост поради појавата на новиот вид Омикрон.

Либан нема регистрирано ниту еден случај на заразување со Омикрон, но малата земја се соочува со сериозна финансиска криза и е загрижена дека нејзиниот здравствен систем нема да може да се справи со новозаболени лица.

Exit mobile version