13.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
spot_img

Прв ден од изложбата „Жени во занаетчиство“ на платото на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија

По повод Деновите на занаетчиство, во Кабинетот на претседателот се отвори изложбата „Жени во занаетчиство“ чијшто покровител е сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска. Изложбата ќе биде отворена и во текот на следните два дена.

Можно е да е слика од 8 луѓе, луѓе што стојат и надвор

Настанот го отворија сопругата на Претседателот на државата г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, амбасадорката на САД во РМ Кејти Брнс и претседателката на Занаетчиска Комора Анета Атанасовска. На настанот извршната директорка на ЦУП и’ врачи на Сопругата на Претседателот плакета во знак на благодарност за нејзината заложба во поддршката и промоцијата на женското претприемништво.

Изложбата се организира во соработка со Центарот за управување со промени, по повод Деновите на занаетчиство и е во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ поддржан од УСАИД и БТД. 

Можно е да е слика од накит

Присутните имаа можност да ги разгледаат уникатните производи на жените занаетчии и да се запознаат со платформата www.womenpoweron.mk. Изложбата ќе биде отворена од 16 до 18 мај. Целта на овој настан е да се пренесе пораката за значењето и придонесот на жените занаетчики во одржување на традиционалните занаети, зачувување на културното богатство и поттикнување на економскиот развој на земјата. 

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на отворањето на изложбата „Жени во занаетчиство“ што се одржува во Кабинетот на претседателот. 

Во своето обраќање пред присутните на настанот, сопругата на претседателот истакна дека е чест и инспирација да се биде денес меѓу сите овие жени занаетчики и да се види нивната уметност, креативност и вештини. 

„Жената несомнено е клучен двигател на општествените процеси во сите сегменти, така што и женското претприемништво се препознава како значаен фактор за економскиот развој на земјата. Учеството на жените во бизнис активностите ги трансформира квалитетот и структурата на работната сила и општеството во целина“, истакна Ѓоргиевска додавајќи дека промоцијата на занаетчиството е фактор за економски развој, за зачувување на традицијата и културата на нашата земја. 

Истакнувајќи дека она што им недостасува на жените е финансиска поддршка, дополнителна едукација, како и добар маркетинг за пласирање на нивните производи на домашниот и странскиот пазар, Ѓоргиевска рече дека токму затоа, денес ја потенцираме улогата на жената занаетчика како клучен економски двигател, но и како промотор на културата.

„Од овие причини, ќе продолжиме заедно да работиме на економско заживување на овој сектор, популаризација на можностите на ова занимање и стимулирање на младите и жените да започнат сопствени бизниси, со цел економско јакнење на жените и поголема родова еднаквост во државата“, нагласи Ѓоргиевска.

Можно е да е слика од 1 лице и стоење
Можно е да е слика од 1 лице и стоењеИзложбата се организира во соработка со Центарот за управување со промени, по повод Деновите на занаетчиство и е во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ поддржан од УСАИД и БТД. 


Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат и внатре

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,278FansLike
2,913FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ