19.8 C
Skopje
Monday, September 16, 2024
spot_img

Нина Спасовска ја вметна Македонија меѓу шампионите во танц

Нина Спасовска од Скопје е вистинска вљубеничка во танцот. Почнала да танцува на 6 години. Од септември ќе биде седмо оделение. Таа е светски шампион во латино танци на 12 години.

Во светот на танцот влегов кога имав 6 години. Се случи многу едноставно да станам член од клубот Денсерс Јунајтед. Во близина на една спортска сала бев со родителите. Таму се одржуваше танцов натпревар на кој учествуваа танчари од тој клуб. Се заинтересирав за нив. Ми се допадна целиот изглед, настап и нивното однесување на сцената. И кажав на мајка ми дека сакам да танцувам како нив. Таа веднаш се заинтересира за клубот и веќе од следната сезона станав член на тој клуб, споделува Нина за Приказна.

Танцувам сама. Се натпреварувам во разни категории, соло шоу, соло опен, но настапувам и заедно со мојата група. Соло шоу е категорија во која се натпреварувам со кореографија од повеќе танци. Соло опен е една од потешките категории на танцот. Има неколку танци-Самба, Румба, Ча-ча и Џаиф. Групното настапување е група од повеќе девојчиња на кои мојот тренер ни прави заедничка кореографија, додава Нина.

Учествувала на бројни натпреварувања, од каде често со враќала со награди. Последниот голем успех на Нина е Светското првенство во Полска, каде со својот совршен танц ги освоила симпатиите на жирито, па дома се врати со златен медал и нова титула.Светското првенство во Варшава траело три дена од 27 до 29 април. Официјален судија од Македонија била Сара Кочан. Од Полска инклузивниот танчерски клуб во кој членува и Нина, се врати со вкупно 25 медали.

Првите натпревари започнаа во Скопје, а потоа следуваа оние интернационалните натпревари. Минатата година настапував на светското првенство во Полска. Тоа ми беше прва година. Оваа година ми беше втор пат да настапувам на таква сцена со толку исклучително, успешни танчари. На тоа светско првенство ја добив мојата најзначајна награда. Го добив првото место за соло шоу категорија и во група. Многу сум задоволна од целата сезона, вели Нина.

Таа го воодушевила жирито и присутните со нејзинотот танцување, ставот и насмевката, совршено вклопено со одличната кореографија на Евгенија Арсова, насловена Коко Шанел.

Пред секој натпревар редовно тренирам, вежбам. Скоро секој ден сум во клубот. Треба интензивно да се тренира. Клубот долги години соработува со костимограф кој ги шие костимите, додава Нина.

Секој судија има посебни критериуми за оценување. Сепак, има неколку елементи на кои треба да се посвети повеќе внимание, додава Нина и вели дека пред секој натпревар, подготовките се интензивни.

Според Нина, има некои елементи на кои треба да се посвети посебно внимание како снаоѓање на сцена, целиот изглед на танчарот, кореографија, костим, шминка, фризура

Плановите во иднина се поврзани со танцот. Планирам да продолжам да танцувам, да постигнувам успеси и да се надоградувам, вели за крај Нина. Се надевам дека ќе постигнувам повеќе успеси со танцот.

Ване Маркоски

 

 

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,656FansLike
3,312FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ