Дома Инспирација Лична приказна: Вистинска идеја, во вистинско време, значат успех во бизнисот

Лична приказна: Вистинска идеја, во вистинско време, значат успех во бизнисот

Бизнисот го започнавме за време на корона и тогаш да започнеш со нешто свое, треба навистина голема решителност. Еве веќе една година како работиме и јас сум премногу задоволна. Ние во короната најдовме некоја можност, бидејќи станува збор за индивидуално вежбање и самите клиенти видоа дека тоа е нешто што најмногу им одговара, секако со запазување на сите мерки, вели во интервју за „Приказна“, Маргарета Мојсовска од ЕМС Фитнес.

Вистинска идеја, во вистинско време, значат успех во бизнисот. Таква е и приказната на Маргарета, која го препознала ова и без многу двоумење, веднаш делувала кон остварување на тоа што го имала како идеја.

Идејата потекнува од се поголемата свесност на населението да водат и практикуваат здрав живот, а од друга страна од сите имаме изговор дека времето им е проблем. Со овој алтернативен начин на вежбање се заштедува многу време, така да на клиентите не им дозволуваме веќе да го имаат тој изговор, вели за „Приказна“, Маргарета Мојсовска од ЕМС Фитнес.

Потребите и навиките на луѓето се менуваат, новото време си бара иновативни и креативни решенија, преку кои младите создаваат свои бизниси. Короната за многу од нив, значеше и препознавање на нова шанса за развој.

Бизнисот го започнавме за време на корона и тогаш да започнеш со нешто свое, треба навистина голема решителност. Еве веќе една година како работиме и јас сум премногу задоволна. Ние во короната најдовме некоја можност, бидејќи станува збор за индивидуално вежбање и самите клиенти видоа дека тоа е нешто што најмногу им одговара, секако со запазување на сите мерки.

Приказна ЕП30 – Стартап приказни во Македонија

Маргарета вели секој млад претприемач треба да биде истраен, да верува во тоа што го работи. Треба време и жртва, ама на крајот чувството да имаш свое чедо во бизнисот е прекрасно.

Во однос на тоа што Македонија има доволно потенцијал во младите за развивање на бизниси, мислам дека не е доволно развиен претприемачкиот дух кај младите, но во целата ситуација јас добив поддршка од банка. Да не беа они и мојата идеја ќе остане на хартија, додава Маргарета.

Ќе биде тешко, ќе биде мачно, но на крај се ќе биде добро. Помислете само на тоа убаво чуство после секој ваш успех и без двоумење остварете ја вашата идеја, вели Маргарета за крај од оваа инспиративна приказна.

За Приказна,

Ване Маркоски

Exit mobile version