3.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024
spot_img

КОГА ЉУБОВТА Е ПОСИЛНА ОД СЕ‘: Американец секој ден го носи своето куче до езерото за да му подари неколку часа сон

Познато е тоа дека сопствениците на кучиња ги сакаат своите миленици, но една студија на весникот Тајмс покажа до кои граници може да одитаа љубов.

Експеримент беше спроведен од добротворни медицински истражувачи во Велика Британија кои направија студија од две објавени лажни реклами во весникот со кои се бараа донации, со цел да се спореди емпатијата на човекот кон кучињата, наспроти емпатијата кон луѓе.

Во првата реклама, на читателите им била раскажана тажна приказна за еден човек по име Харисон. Сторијата гласела: „Дали ќе дадеш 5 фунти за да го спасиш Харисон од бавна, болна смрт?“.

Приказната не се променила за втората реклама, но наместо човек, Харисон бил куче.

Фото – Фејсбук

Истражувачите ги следеле одговорите на 240 студенти. Кучето Харисон добило многу повеќе емпатија од човекот Харисон. Испитаниците биле повеќе расположени да донираат пари на куче отколку за возрасен човек, а на што се должи ова, никоj досега нема одговор.

Како потврда на големата љубов и поврзаност што луѓето ја имаат со кучињата е и оваа неверојатна приказна на еден Американец кој секој ден го носи своето 19-годишно куче до езерото за да му подари неколку часа сон, приказна објавена на Фејсбук страната „Рубикон“.

Инаку Шеп не може да спие – боледува од хроничен артритис. Зглобовите толку го болат, што животното едвај ги влечело задните нозе.За да го спасат животното од неговите маки, ветеринарите му нудат да му дадат смртоносна инјекција. Сопственикот сепак тоа не може да му го направи на својот пријател, кој го спасил од самоубиство во минатото. Сега за да му ги олесни маките на својот четириножен пријател, човекот го носи до езерото и го држи неколку часа на рацете за да може да спие.

Зборовите не можат да го изразат ова. Кога давате љубов, таа ви се враќа десеткратно. Сакам луѓето да го запомнат тоа кога ги гледаат овие кадри, вели сопственикот на Шеп, Џон Енгер.

Фото: фејсбук страница Рубикон

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,724FansLike
3,383FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ