3.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024
spot_img

Катерина Трајановска: Преку читање приказни за мачиња, децата учат за емпатија

Сите среќни мачиња си прилегаат едно на друго, секое несреќно маче е несреќно на свој начин. Но, понекогаш тагата ги обединува сите живи нешта и понекогаш читателот може да си претстави што знасхи да се биде маче. Ова е пораката за читателите на Мачешки исповеди или што значи да си маче. Авторката вели дека целта и била да ја разбуди емпатијата кај децата на посебен начин, преку запознавање со ликовите. Сметам дека читањето може да биде еден од најефектните начини за будење на емпатија кај децата. Читателот преку приказните се доближува до ликовите, ги запознава нивните животи, навики и постапки или причините за нивните постапки и учествува во еден процес на разбирање на живот којшто е малку поразличен од нивниот. Емпатијата ни помага кон создавање на едно и посложно општество со тоа што ни помага полесно да комуницираме едни со други. Оваа комуникација се нарекува соживот, споделува за Приказна, младата авторка.

„Мачешки исповеди или Што значи да се биде маче“ е втора книга на Трајановска, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, по „Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ – која ја освои наградата за најдобра книга за деца од 6 до 13-годишна возраст на фестивалот „Литера“ во 2020 година.

Оваа книга е создадена од 10 раскази коишто се меѓусебно неповрзани, но имаат една заедничка нишка а тоа е фактот што сите главни ликови во нив се мачиња. Во книгата раскажувам за дилемите и предизвиците со кои се соочуваат овие ликови. На пример еден од нив е Заратруста којшто е маче кое живее на брегот на едно море и секојдневно достоинствено ги поднесува навредите и исмевањата од страна на другите мачиња и децата кои живеат во околината, вели Катерина. Таа додава: Сè додека во еден момент не дојде еден човек да го спаси од тие неволји, за кои тој не е ни свесен дека се наоѓа бидејќи е наивен лик и гледа позитивно на сите животни случувања.

Еден друг расказ, тежок живот Мики во којшто раскажувам за Кити кое е маче скитник и за нејзиниот живот, живот којшто завршува добро и со позитивна нишка но и живот во кој таа подеднакво живее со убави сеќавања и со трауматични искуства од минатото. Сметам дека треба да децата да им се дозволи да читаат повеќе димензионални приказни со повеќе димензионални ликови и да не им се ограничи нивната можност за учење и разбирање, открива Катерина.

Мачките не се ништо друго освен еден начин да ги доближам своите идеи поблиску до децата. Не е ни реткост писатели на деца да користат животни на кои им даваат антропоморфни карактеристики и на тој начин прават бајки или басни. Интрерсена е начинот на создавање на овие приказни бидејќи се користат животни кои имаат животински карактеристики, но се ставаат во еден човечки контекст. Токму овој човечки контекст им дава на децата да се поврзат повеќе со ликовите и да се препознаат себе си во нив или да препознаат некои блиски личности од семејството или пријателскиот круг, смета авторката Катерина Трајановска.

 

Ване Маркоски

 

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,724FansLike
3,383FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ