Дома Став Интервју Како да препознаете дали вашето дете е зависно од интернет?

Како да препознаете дали вашето дете е зависно од интернет?

Има една дефиниција за она што е нормално. Цело она време што е посветено на една активност, односно седење на мобилен телефон или компјутер, а е подолго од 4 до 6 часа и ги надминува сите други активности, можеме да кажеме дека е зависност, вели во интервју за „Приказна“, Ангела Богдановска – психолог во „Our mind“.

Емисијата Приказна посветена на интернет зависност

Приказна: Кои знаци укажуваат дека детето е зависно од интернет?

Богдановска: Сите деца денес се подложни на користење мобилни, таблети, компјутери. Тие не можат да не користат интернет денес. Има една дефиниција за она што е нормално. Вели дека се’ она што го користи група на луѓе којашто е поголема е нормално, па оттука би кажала дека цело она време што е посветено на една активност, односно седење на мобилен телефон или компјутер и е подолга од 4 до 6 часа и ги надминува сите други активности, можеме да кажеме дека станува збор за зависност.

Децата кои имаат проблеми со концентрацијата, со намалено внимание, искажување емоции, прекумерна тежина се деца кои стануваа зависни од интернет и телефони. Тие имаат проблем со контактите со врсниците, кога ќе им биде забрането да седат со телефонот во рака и реагираат со агресивност, но и покрај забраната, остануваат да ги користат телефоните и интернетот.

Приказна: Кои се здравствените последици од прекумерната употреба на интернет?

Богдановска: Физички се проблеми со вид, слух, прекумерна тежина, во некои ситуации и намалување на тежината, а како психички може да бидат намалена концентрација, затвореност во себе, непокажувањето на емоции, па оттука може да постават и лажни идеали кои ги следат и гледаат на интернет.

Приказна: Може ли зависноста од интернет да се надмине со самоконтрола?

Богдановска: Доколку се работи за деца од помала возраст, тука голем удел имаат родителите и како тие ќе се постават, бидејќи треба да бидат пример за детето, да има еден отворен разговор каде ќе се кажат сите последици и позитивни страни од користење на технологијата. Доколку зависноста премине на една повисока фаза, тогаш добро е родителите и децата да се обратат на стручно лице, кое ќе им помогне со дополнителна психолошка помош.

За Приказна,

Ване Марковски

Exit mobile version