Дома Вести Историски успех на македонската екипа на Балканската математичка олимпијада БМО 2022

Историски успех на македонската екипа на Балканската математичка олимпијада БМО 2022

На олимпијада оваа година, за прв пат во историјата на Македонија постигнат е златен медал на Балканската математичка олимпијада БМО 2022, освоен од Никола Спировски.

Покрај златниот медал, освоивме и два сребрени медали, од Дамјан Давков и Јан Стојановски, еден бронзен медал освоен од Алексиј Тасиќ и две пофалници, освоени од Јасна Илиева и Блаже Суклевски.

Оваа година, екипата го постигна најголемиот екипен успех со освоени 118 поени и по бројот на освоени медали го зазема третото место после Романија и Грција.

Exit mobile version