Кога имаме физичка активност ние предизвикуваме стрес на нашето тело. Со други зборови доаѓа до зголемено работење на срцето, покачување на крвниот притисок и зголемена циркулација. Сето ова се случува и кога имаме стрес од кои било надворешни случувања, без разлика дали станува збор за некоја повреда, премногу обврски во денот или вербална расправија. Овие ситуации доведуваат до покачен крвен притисок, покачување на нивото на шеќерот, тахикардија итн. Благодарение на физичката активност, ние сме во ситуација сето ова добро да го контролираме, смета нутриционистот, фитнес и бодибилдинг тренер Ивица Јанев.
Приказна: Можат ли физичките активности да го намалат стресот?
Ивица: Кога имаме физичка активност ние предизвикуваме стрес на нашето тело. Со други зборови доаѓа до зголемено работење на срцето, покачување на крвниот притисок и зголемена циркулација. Сето ова се случува и кога имаме стрес од кои било надворешни случувања, без разлика дали станува збор за некоја повреда, премногу обврски во денот или вербална расправија. Овие ситуации доведуваат до покачен крвен притисок, покачување на нивото на шеќерот, тахикардија итн. Благодарение на физичката активност, ние сме во ситуација сето ова добро да го контролираме.
Приказна: Дали животниот стил може да ни помогне за управување со стрес?
Ивица: Крвниот притисок може да се поправи без лекови, со лековите тој само се воведува во некоја нормала. Со соодветен третман, исхрана и начин на живот, лековите се оставаат. Сè поголем е бројот на луѓе кои ги гледаат промените и веруваат дека начинот на живот може да помогне во справувањето со покачениот крвен притисок, стресот и анксиозноста.
Приказна: Кои навики треба да бидат наш избор во управување со стрес?
Ивица: Исхраната и тренингот не треба да се одвојуваат. Прво, повозрасните луѓе не сакаат да вежбаат. Тие се потпираат само на здравата исхрана. Во тој случај намалувањето на калориите може да доведе до слабеење на организмот, па дури и до нарушување на одредени вредности во крвната слика како што се железото и хемоглобинот. Второ, кога еден спортист не се потпира на добра исхрана, тогаш тој е склон на многу повреди, од причина што не ги прима соодветните нутриенти.
Приказна: Ова се препораки, но за стручна помош сепак се потребни стручњаци
Ивица: Важно е да се консултираме со професионално лице. Бидејќи ако преземеме било какви активности на своја рака или прочитаме на интернет, можно е да дојдеме до погрешни и нецелосни информации кои можат да доведат до влошување на нашата состојба. За да имаме позитивни резултати потребна е стручна помош од професионалци.
За Приказна
Ване Маркоски