21.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024
spot_img

Инспиративната приказна на Катарина Георгиевска: Растенијата се како деца, на љубов враќаат со љубов

Градинарството и хортикултура се две врзани работи. Во двата случаи одгледуваш растенија, во првиот растенија што ни се корисни во исхраната, додека во вториот, растенија што ја хранат нашата душа, смета Катарина Георгиевска, жител на село Оморани.

Додека го работиме градинарството треба да сме свесни дека зеленчуците, овошките, зачинските билки, дека ние всушност одгледувајќи ги, користејќи ги во нашата исхрана го потхрануваме целото наше тело, сите клетки од нашето тело се на физичко ниво, на една материјално ниво се добро нахранети, вели Катарина. Од друга страна, на нашите клетки не им треба само добра храна физички гледано, туку им треба и духовна храна. Така што, вториот важен аспект е може тоа да биде работа и со градинарството, но и со уредување на убави грмушки, убави цветови во дворот при што, кога го планираме уредувањето во сопствениот двор, или ако живееме во стан на тераса барем да имаме, обично водиме сметка да имаме цветови во текот на целата година, додава Катарина.

Во последниве 70-тина години во светот, актуелни се научните истражувања кои го докажуваат присуството на емоции и кај растенијата.

Ако ние луѓето мислиме, дека само ние или одредени претставници од животинскиот свет имаат нервен систем, и можат да чувствуваат и пројавуваат емоции, тоа не е точно, смета Катарина. Се покажа во бројни научни истражувања дека и самите растенија чувствуваат, дури и дека ги чувствуваат мислите на луѓето, значи точно има експериментални докази во таа област, споделува за Приказна, Катарина.

Многу е важно дали човекот ги одгледува растенијата со љубов или само ги чувства како обврска која треба да ја заврши во текот на денот, додава Катарина.

Растенијата тоа го чувствуваат. Исто како што е тоа со домашните миленици, треба време за да признаеме да кажеме дека и цвеќињата ни се домашни миленици, не мора само да имаме животински миленици. Јас кога ги одгледувам моите растенија, било да се тоа во градината или цвеќињата, после тоа на крајот на денот кога ќе седнам да вечерам или легнам да спијам, чувствувам еден посебен вид на среќа.

Од каде е таа среќа? И за тоа науката докажала, ја направила врската помеѓу одгледувањето на растенијата и чувството на среќа кај луѓето коешто доаѓа отпосле, затоа што при градинарската работа, кога ја расчепкуваме земјата, во почвата живеат едни т.н. непатогени микроорганизми. Тие кога работиме во почвата, ги допираме и ослободуваат секрети, кои имаат иста формула како серотонинот, кој се лачи во човечкиот мозок, додава Катарина.

Кога човек седи или работи затворен само во една просторија, нема контакт со овие формули на природата, вели Катарина, која токму поради ова, од неодамна, ја промени адресата и веќе наместо на Скопје, е жител во велешко Оморани, каде што пред многу години заминала случајно на посета. Љубовта со љубов се враќа. Таков е и случајот со растенијата и човекот.

Јас во мојата градина во куќата во Оморани, одгледувам неколку видови на зеленчуци за нашите сопствени потреби. Традиционални домашни сорти на семиња. Си правам расад и кога ќе дојде време во природата да се засадат малите зеленчуци, тоа се повеќе сорти на домати, разни видови пиперки, тиквичка, краставица, од се да има по малку да може да си собираме. Кога ги одгледуваме, поткаструваме, ги негуваме, им помагаме како на мало дете, а тие ја хранат нашата душа. Која душата на човекот е нахранета е среќна, тогаш и здравите состојки кои ги внесуваме преку здравата храна го вршат до максимум своето корисно дејство, вели Катарина.

Документарен магазин Приказна, на тема градинарство и хортикултура

За Приказна, Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,096FansLike
2,008FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ