3.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024
spot_img

Има ли стратегија за надарените деца во земјава?

Младите се носители на позитивните промени, како во Република Македонија, така и ширум светот. Тие се ресурс за иновации и движечка сила за развојот на општеството. Македонија има надарени деца кои постигнуваат извонредни резултати.

Наставата за надарени деца бара посебни вештини и знаења што ги надминуваат стандардните програми и им овозможуваат на децата целосно да го откријат својот потенцијал. Сепак, примарната задача на родителите и воспитувачите е да ги препознаат супер способностите на детето во одредена дисциплина, било да е тоа креативност, точни науки, спорт и други.

Семејството ги поставува основите на емоционалниот и когнитивниот развој на децата, ја детерминира ориентацијата на детето кон иднината, кон поставувањето цели, кон усвојувањето и градењето вредности и во значителна мера го определува неговиот однос кон традицијата. Токму затоа, семејството е првата и најважна средина во развојот на децата, кои како возрасни постигнале забележителни резултати.

Во Македонија нема податоци колку надарени, а колку талентирани деца има. За жал нема ни систем како да се препознаат.

Владимир Димитровски родител на малиот генијалец, Македон

Во групата на надарени деца спаѓа и нашето дете кое има поголем коефициент на интелигенција од неговите врсници. Во врска со тоа дали институциите помагаат на ваквите деца, за сега можам да речам не, затоа што ниедна институција не се занимава со ваквите деца, совен школото и учителката кои што се трудат да излезат во пресрет на ваквите деца. Другите институции не излегуваат во пресрет. Дали знаеме каде да се обратиме? Не, не знаеме заради тоа што  се обративме на неколку места, одговорт е дека не постои институција што ги згрижува овие деца. Не постои школо или организирање на овие деца, сподели за Приказна Владимир Димитровски родител на Македон.

Македон има само седум години и со леснотија решава математички задачи. Тој е генијалецот кој неодамна на Македонија ѝ донесе златен медал во натпревар по математика, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет. Македон чита и пишува од две години. И на латиница и на кирилица. Течно говори и англиски јазик.

Препознавањето и идентификувањето на надарените е само прв чекор во грижата на нивниот развој. Развојот на надарените ученици не може да се набљудува без притоа да се согледа улогата на учителот. Притоа, улогата на учителот во развојот на надарените ученици е обусловена од неговата позиција во образовниот процес.

Што се однесува до работата со надарените ученици воопшто, а посебно за математика, во овој момент, основното образование е пречка за нивниот развој, смета професорот Ристо Мачлевски. Имено, ако се погледна програмите коишто се во оптек, може да се види дека нивото коешто овие програми го додаваат, ако го оцениме со оценка 1, а талентираните ученици за постигнатите резултати особено на меѓународно ниво треба да стигнат до оценка 5, тогаш имаме огромна диспропорција помеѓу она што образованието го нуди и она што е потреба за развој и достигнување на надарен ученик, смета Малчевски.

Поимот надарено дете најчесто се употребува за оние деца кои на продуктивен или репродуктивен начин постигнуваат натпросечни резултати во една или повеќе области од човековата дејност. Иако често се поистоветуваат надареноста и талентот, има разлика меѓу нив.

Во современата литература е сè поприсутна тенденцијата за прецизно и еднозначно определување на надареноста, креативноста и талентот. Сепак, постојат разлики помеѓу овие термини.

Талентот е врзан за способности во една потесна област (математика, физика, танц, музика) и всушност е диспозиција, која треба да се развива со упорна работа.

Проф. Ристо Малчевски

Што се однесува на самиот процес на идентификување на надарените ученици, а потоа на нивната работа, може да се каже дека од теориска гледна точка тоа е горе-долу, сработено и општопознат. Меѓутоа, има еден момент а тоа е воопшто и во светски рамки, освен искуството од натпреварите по математика и натпревари од сличен ранг, ние практично немаме идентификуван процент за развој на талентираните ученици. Потребни се нови програми за работа со тие деца, и тоа мора да започне во поранешно прво односно сегашно второ одделение, па се до четврта година средно образование, тоа е еден циклус да се затвори, а вториот дел се универзитетските програми коишто исто така треба да се приспособат. За жал, вакви програми не постојат. Има некои обиди, меѓу кои и тимот со којшто работам долго време. До некаде сме стигнати, но тоа не е доволно, како што не е доволна литературата којашто во светски рамки особено во Македонија до пред 2-3 години беше сработена, вели Малчевски.

Докуементарен магазин Приказна на тема надарени деца

Талентот во спортот, во музиката, во ликовните уметности, во литературата, во реториката па и во математиката, може да се препознаат уште во најмала возраст. Различни се елементите по коишто се препознаваат децата, тоа не би можело за кратко време да се каже, меѓутоа сето тоа може да се почне во 2 одделение. За математика се потребни силно развиени квалитети на мислењето, како што е критичност, ширина, длабочина и низа други, додава Малчевски.

Постојата општи принципи, правила и стандарди кои треба да се почитуваат во процесот на препознавање, идентификација и работа со надарените и талентираните деца. Надарените во многу аспекти се разликуваат од другите ученици, па затоа потребно е да се направи правилен избор на третманот што го заслужуваат. На ниво на основно и средно образование најчесто се користат три форми на работа со надарените ученици: групирање според способностите на учениците, забрзување и збогатување.

Ване Маркоски

Бранка Чочковска

Вики Чадиковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,724FansLike
3,383FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ