Дома Инспирација Игор Максимов: Морам да соберам пари за операција, зашто секој момент може...

Игор Максимов: Морам да соберам пари за операција, зашто секој момент може да умрам

Игор Максимов е заробен од прекумерната тежина која го попречува да ги извршува секојдневните животни обврски. Додека имал нормална килажа бил најдобриот градежен работник, баран дури на просторите на поранешна Југославија. Денес е онеспособен да направи три чекори бидејќи не се чувствува сигурно. Спие во седечка позиција зашто вода му го полни организмот, кој е нападнат уште од десетици други болести.

Игор е роден и сиот свој живот го минува во Куманово. Од дете се предава на професијата како градежен работник, нема кој не го знае на нашите и бившите југословенски простори. Од дете е емпатичен и им помага на сите. Но, денес кога се наоѓа во живото-загрижувачка состојба, ниту пријателите, ниту браќата и сестрите не го познаваат.

– Од дете работам на скеле како градежен работник. Нема кој не ме знае, и тука и пошироко. Целиот свет сум го прошетал преку мојата професија. Помагав сиот живот на сите, но дојде денот кога и јас морам да побарам помош. Само сега никој не ме слуша-започнува Игор да ја раскажува својата тажна животна приказна.

Пред три години додека Игор бил на работа во Србија ја запознава својата животна сопатничка. Со неа создава семејство и им се раѓа малата Ѕвездана. Нема финансии за да го запише детето и за да му извади македонски документи, зашто таа е родена во Србија. 5000 Денари не стигнуваат ниту за неговите лекови со кои се одржува во живот, па, ова семејство често е принудено да питачи и да се задолжува кај луѓе, за да може да купи храна за да преживее.

– Со жена ми се запознавме додека бев на работа во Србија. Малата денес има две години и се роди таму зашто Славка, сопругата не можеше да направи документи. Сега дојдоа, а јас што да им понудам, кога ниту самиот не можам да стојам на нозе. Спијам во седечка позиција, зашто до уста ми доаѓа водата што ја имам во стомакот. Се задушувам. Не можам сам да се движам. Тешко ми е што покрај мене, се малтретира и жена ми. Никој не заслужува да живее ваков живот. Жал ми е што не можам да им овозможам на тие што ги сакам да живеат подобро. Со 5000 денари што попрво да направам. Дали лекови да купам, дали храна за семејството. Но, Ѕвездана ми е најважна. За неа не смее ништо да фали-вели Игор.

Игор до пред седум месеци и покрај тежината работел и носел пари на семејството. Но, тогаш се случува уште една несреќа. Поради неисправна инсталација гори нивниот дом, па Игор запаѓа во уште поголема криза. Денес, тој нема средства ниту да појде на лекар да се лекува, ниту да ја прими потребната ситуација поради што секој ден стравува за својот живот.

– Последните седум месеци залегнав. Паднав и во депресија. Ми изгоре домот, па, на цела мака одново ја правевме. Денес, живеам во 12 м2, ама барем не плаќам кирија-додава тој.

Игор жали што покрај него пати и сопругата. Пати, за жал и најневиното, малата Ѕвездана. Денот му е сведен на кревет-тоалет-два чекори-кревет, а најмногу му е криво, што секогаш на сите помагал, а, денес, него никој ниту на телефон не го бара да го праша како е. Затоа ќе рече спас ми е само добрината на народот, да ми донира средства да заминам на операција за да се спасам од оваа ситуација, па, макар и умрел под нож, уште утре би отишол, зашто ова веќе не е живот.

Сите што сакате да му помогнете на Игор Максимов тоа можете да го направите на телефонскиот број или на следната жиро-сметка:240147112954926 Уни Банка

Автор Оливера Петрушевска

Exit mobile version