3.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024
spot_img

Занаетчиската приказна на шапкарот Илија Трајковски: Чаршијата е дефиниција за соживот

Овде во чаршијата сум од 6 години. Сега имам 55 години. Овој занает е од мојот родител. Од 1953 година сме во овој дуќан, ја почнува својата приказна шапкарот Илија Трајковски.

Шапките на скопјани најпрво ги изработува мајстор Петар, во старата скопска чаршија, во далечната 1952 година, во годините кога Чаршијата била центар на трговијата. По него, приказната за шапкарството ја продолжуваат неговите синови. Едниот од нив е токму шапкарот Илија Трајковски, кој со нас ја сподели својата занаетчиска приказна.

Порано беше подруго, бидејќи центарот на целото занаетчиство и трговија беше во чаршија. Тука, до самата чаршија беше меѓуградската автобуска станица која нас многу ни користеше. Тука беше и железничката станица. Од кога ги одвоија овие работи, чаршијата изгуби голем имиџ, додава тој

Порано шапкарството било многу почитува занает во Старата скопска чаршија. Во моментов, за жал тука има само два дуќани, од кои едниот е на Илија. Многу личности носат капи од овој дуќан.

Од порано до сега има огромна разлика. Во сегашноста, Македонците не знаат што е рачна изработка, вели Илија. Нас нè ценат повеќето странци. Овие 4-5 години, пред пандемијата, имавме странци од цел свет. Кога ме гледаа како работам, ќе ме снимаат и ќе купат. Старите занаетчии умреа. Како ќе научиме занает, кога го нема самиот мајстор?

Порано бевме, мојот родител, јас, брат ми и плус тројца чираци. Сега нема шанси. Официјално со документација, јас почнав во 1990 година, татко ми тогаш влезе во пензија. До ден денес никој не се понудил за да научам некого, раскажува Трајковски.

Моментално, чаршијата стана место каде многу ретко ќе видите занаети коишто работат или чукаат, 99% се трговија. Никој не сака да работи веќе. Луѓето не се виновни, самиот систем тоа ни го направи. Ние во чаршијата, немаме никаква помош. Јас лично не сакам помош од никој бидејќи сум здрав и прав, работам, и мојот пласман знам каде можам да го дадам, додава Илија.

Документарен магазин Приказна на тема занаетчиство

Чаршијата те учи на многу работи, една од најважните е соживот.

Јас сум кажал, ако не знаете што е соживот, дали било Албанец, Турчин, Бошњак или Влав дојдете прво во чаршија да видите како сите ние заеднички пиеме кафе или чај. Досега јас немам слушнато да сме се степале, а шеги колку сакаш има, на сечија сметка, вели Илија Трајковски.

За Приказна Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,724FansLike
3,383FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ