Прекумерното читање лоши вести може да биде деструктивно за нашето здравје, и физичко и ментално, пренесе Гардијан. Новото истражување сугерира дека компулсивниот нагон за сурфање на интернет и читање на сè почестите лоши вести може да доведе до големи здравствени проблеми.
Зависноста од читање лоши вести е лоша навика која научниците ја опишуваат како постојано сурфање во бесконечен прилив на негативни вести, и иако тие сами по себе се многу депресивни и демотивирачки, студијата покажува дека се зголемува бројот на луѓето станаа зависни од нив.
Истражувањето објавено во списанието Health Communication откри дека 16,5 отсто од над илјада анкетирани луѓе покажале знаци на „сериозно проблематично“ консумирање вести, што доведува до повисоки нивоа на стрес, анксиозност и лошо здравје во целина.
Според професорот и главен автор на студијата, Брајан Меклафлин, континуираното чекање нови вести од негативна природа, може да ги стави поединците во големи неволји, без разлика дали се работи за нивната физичка или психичка состојба.