Дома Вести Ема ја менува историјата на женскиот тенис

Ема ја менува историјата на женскиот тенис

Ема Радукану ја менува историјата на женскиот тенис. Младата британска тенисерка, кој има само 18 години, почна од квалификациите и го освои УС Опен без да загуби ниту еден сет.

Таа е првата која го освои Гренд слем трофејот како квалификант.

Ема за прв пат се запознала со тенискиот рекет на петгодишна возраст, а започнала во тениската академија Бромли, пред нејзиниот потенцијал да биде забележан од тениската асоцијација.

Раководителот ја зел под своја закрила уште од рана возраст, а поддршката што ја добивала Радукану била една од клучните за нејзиниот успех.

Новата шампионка на УС Опен пред турнирот беше дури на 150-тото место на ВТА. Радукану со триумфот во ЊУ Јорк направи скок од 127 места, па од 150-тато сега е на 23-тото на новата ВТА листа, што во однос на почетокот на годината е раст од 321-на позиција.

Exit mobile version