Ема Радукану ја менува историјата на женскиот тенис. Младата британска тенисерка, кој има само 18 години, почна од квалификациите и го освои УС Опен без да загуби ниту еден сет.
Таа е првата која го освои Гренд слем трофејот како квалификант.
Ема за прв пат се запознала со тенискиот рекет на петгодишна возраст, а започнала во тениската академија Бромли, пред нејзиниот потенцијал да биде забележан од тениската асоцијација.
Раководителот ја зел под своја закрила уште од рана возраст, а поддршката што ја добивала Радукану била една од клучните за нејзиниот успех.
Новата шампионка на УС Опен пред турнирот беше дури на 150-тото место на ВТА. Радукану со триумфот во ЊУ Јорк направи скок од 127 места, па од 150-тато сега е на 23-тото на новата ВТА листа, што во однос на почетокот на годината е раст од 321-на позиција.