Дома Став Интервју Д-р Милчо Демерџиев: Луѓето со деменција, стануваат комплетно зависни од околината

Д-р Милчо Демерџиев: Луѓето со деменција, стануваат комплетно зависни од околината

Алармот се вклучува обично кога ќе се појави заборавност. Фамилијата или пациентите ако се во добра кондиција, заборавноста е првиот момент што ќе ги однесе на лекар. Ако почнете да ги распрашувате, се добиваат податоци дека месеци и години наназад, болеста започнала со скриени симптоми. Почнува со една безволност, незаинтересираност, на работа приметуваат дека лицето не ги изведува секојдневните обврски со иста брзина, почнуваат да прават пропусти во секојдневните рутини. Кога ќе се јави заборавност, заборавањето почнува од безначајни работи, каде се оставени предмети, обврски што треба да се направат, нови настани или моменти. Понатаму, почнуваат да забораваат имиња, прво од подалечното опкружување, па потоа и имиња на најблиските роднини, вели за Приказна, д-р Милчо Демерџиев, специјалист по неврологија.

Што е деменција, кои се симптомите и како се манифестира?

Милчо Демерџиев Сè повеќе се среќаваме со пациенти со деменција. Таа е синдром кој се карактеризира со губење на одредени интелектуални функции, било да се губат поединечно или во најразлични комбинации. 50% од деменциите отпаѓаат на дегенеративни заболувања, односно најчести се Алцхајмеровата деменција, деменција кај паркинсоновата болест, болест на левиеви телца, тоа се телца кои со патологија се верифицираат во мозокот, после тоа доаѓаат мултиинфарктните деменции, васкуларни, кои се должат на повеќе ситни инфаркти кои со тек на време прават загуба на мозочна маса и нарушување на тие интелектуални функции, потоа доаѓаат трауми, тумори во мозок, и разни метаболни нарушувања кои можат да направат клиничка слика на деменција.

Хипо или хипертироза, напреднати форми на склероза мултиплекс, бубрежни нарушувања, хепатални црнодробни нарушувања, сите тие може да доведат до губење на интелектуалните функции.

Дијагностика на деменциите е малку покомплексна. Треба да се исклучат метаболистичките фактори. Заради тоа, се почнува со лабораториски тестови и техники каде што се гледа структурата на мозокот, магнетни резонанци, компјутерски томографии, лумбална пункција итн. и едно од дијагностичките критериуми е психолошки тестирања, каде што пациентите се подложни на палета од психолошки тестови кои укажуваат на кој дел од менталните функции се нарушени и во која мера.

Кога да се вклучи алармот?

Милчо Демерџиев Алармот се вклучува обично кога ќе се појави заборавност. Фамилијата или пациентите ако се во добра кондиција, заборавноста е првиот момент што ќе ги однесе на лекар. Ако почнете да ги распрашувате, се добиваат податоци дека месеци и години наназад, болеста започнала со скриени симптоми. Почнува со една безволност, незаинтересираност, на работа приметуваат дека лицето не ги изведува секојдневните обврски со иста брзина, почнуваат да прават пропусти во секојдневните рутини. Кога ќе се јави заборавност, заборавањето почнува од безначајни работи, каде се оставени предмети, обврски што треба да се направат, нови настани или моменти. Понатаму, почнуваат да забораваат имиња, прво од подалечното опкружување, па потоа и имиња на најблиските роднини.

Со напредување на клиничката слика, се јавуваат многу други манифестации, почнуваат да потешко да изведуваат посложени работи. Губат фонт на зборови, тешко составуваат покомплицирани реченици, немаат иницијатива сами да започнат разговор. Ако биле претходно љубители на книга, да гледаат телевизија, интересот за тоа е опаднат или воопшто го нема. Почнуваат да прават од 5-6 ситуации во минатото, да формираат една, да измислуваат лажни приказни, некои стануваат конфузни, дезориентирани, агресивни, и во најтешките стадиуми стануваат само „билки“, не го препознаваат просторот дома, не препознаваат што е кујна, што тоалет, не можат најобични работи да завршат. Не се снаоѓаат во простор. Ќе излезат на улица, па не знаат да се вратат. Не се снаоѓаат со пари, комплетно стануваат зависни од околината.

Во кој период од возраста на човекот се најизразени?

Милчо Демерџиев Правило нема, бидејќи тие што се метаболистичките тие може да се и порано. Една од почетните е алкохолната деменција. И млади лица кои долги години консумираат алкохол, може да почнат да манифестираат многу порано, дегенеративните, Алцхајмеровата со ран и доцен почеток. Сè е индивидуално. Генетика нешто голема нема, иако во 2% до 5% за дегенеративните се докажуваат генетски модификации во таложење на тие бета амилуиди кои се одговорни за пропаѓање. Тоа се протеини кои се нефункционални и фактички како се таложат во мозокот, предизвикуваат страдање и губење на функцијата на одредени мозочни зони а со тоа и манифестација на клиничката слика. Генетика има и кај еден тип, деменцијата е само пропратен симптом, се вика хантингтонова хореа каде што примарно се почнува со тресење и неболни движења, меѓутоа постепено, од умирање на мозочните клетки се доаѓа до деменција.

За дегенеративните коишто одат со постепено пропаѓање, ризик факторите може само да забрзаат. Тој процес ако е почнат или е предиспозиција или е почнато таложење на тие протеини, тука за жал не можеме да ги запреме, меѓутоа ризик факторите се овие метаболистичките. Ако има нарушување на функција на црн дроб, лекување на црниот дроб драматично ќе ги намали шансите да се појави ментална состојба, хипер и хипотериози, тумур предизвикан во зона каде е операбилен, отстранувањето може многу да ја подобри менталната состојба. Ризик факторите се тие што овозможуваат и лекување на деменцијата, односно, до драматично намалување на симптомите, така да пациентите да можат што подолго да функционираат самостојно.

Документарен магазин Приказна

Каква е терапијата?

Милчо Демерџиев Во поглед на терапија, за жал нема нешто драматично што би излекувало. Сите лекови до сега се користат повеќе години наназад. Нешто драматично ново нема. Пробувано е со разни лекови за подобрување на циркулацијата во мозокот, за подобрување на метаболизмот на мозочното ткиво, но не покажуваат некој ефект, можеби кај васкуларните, благо да ја успорат. За дегенеративните лекови на избор се најчесто два типа. Едните го блокираат ензимот што го разградува ацетилхолин, една хемија во мозокот. Тој е стандард. Другите се лекови кои блокираат рецептори и се вика глутамат.

Во светот се прават повеќе обиди со многу клинички студии кои одат во правец на третман и рана дијагностика, бидејќи за жал, за поголемиот дел од дегенеративните, дефинитивната дијагноза се поставува после смртта. Денес се прават многу напори да се постигне рана дијагностика на состојбите за да може да се успори и спречат тие процеси.

Бранка Чочкова

Exit mobile version