Дома Вести Денес е светски ден за заштита на животните

Денес е светски ден за заштита на животните

Светскиот ден на животните е можност, секој од нас да направи нешто добро за животните од својата околина, да им даде дом, да ги нахрани, да помогне нивниот живот да биде поубав бидејќи и тие, баш како и луѓето, се дел од заедничката планета која без нив би била незамислива.

Светскиот ден за заштита на животните се одбележува секоја година на 4 октомври, а традицијата започнала уште во 1931 година во Фиренца. На конференција на еколозите, е предупредено за одредени загрозени животни.

Здруженијата за животни денес го одбележуваат овој настан, настојувајќи да укажат на проблемот со животинчињата кои секојдневно се измачувани или немаат доволни услови за живот.

Докажано е дека секој ден изумираат по над 50 видови животни, а три пати поголем број се наоѓаат пред изумирање.

Можеби нема да успеете да го спречите изумирањето на ендемските видови, но секогаш можете да нахраните улично кутре, да го згрижите го во вашиот двор, да помогнете на малите и беспомошни мачиња …

Не заборавајте дека денес е одличен ден да волонтирате во некое од центрите за чување на кутриња, да ја посетите зоолошката градина и да ја пренесете хуманоста на помладите генерации!

Exit mobile version