21.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
spot_img

Давор Панчевски: Македонија може да биде гастрономска сила на Балканот

Сите ние знаеме како странците ја прифаќаат нашата кујна и колку лесно е адаптибилна за да се подготвува насекаде во светот, затоа што има состојки каде секаде се одгледуваат. Немаме некои „фенси“ состојки кои се потешко достапни или се достапни само на одредени места во светот, вели во интервју за „Приказна“, Давор Панчевски, кулинар и инфлуенсер за храна.

Завршил економија, отсек маркетинг, а она што го научил на факултет го применува во влијанието на социјалните платформи, за да може храната да ја доближи до тие што го следат. Вели дека го радува фактот што бројката на неговите следбеници постојано расте, но истовремено тоа е и голема одговорност. Готви уште од петто одделение, а досега има издадено и две книги со рецепти, „Гответе насмеани“и „Најдоброто од македонската кујна“.

ПРИКАЗНА: Дали македонската традиционална кујна е испиративна за готвење?

ДАВОР: Сметам дека македонската традиционална кујна е инспиративна за готвење, бидејќи изобилува со доста зеленчуци и овошја кои се погодни за одгледување на овие простори. Разновидна е на вкусови. Секој крај си има свое обележје за истите традиционални рецепти. Да речеме во Куманово си се подготвува една пита, а во Велес таа иста пита се подготвува на различен начин, така да секој рецепт е автентичен и инспиративен на свој начин.

ПРИКАЗНА: Кои јадењa предизвикаа најголем интерес од вашата книга „Најдоброто од македонската кујна“?

ДАВОР: Сметам дека сите рецепти предизвикаа интерес, бидејќи на некој начин се малку модернизирани, поради тоа што со ова темпо на живот сите брзаме, па се приспособени токму на тоа. Каде што можев, ја скратував постапката за подготовка, меѓутоа и ги осовременував со некои додатни состојки кои ги разубавуваа јадењата на свој начин и ги правеа многу полесни за подготовка.

ПРИКАЗНА – ЕПИДОЗА: МАКЕДОНСКА ТРАДИЦИОНАЛНА КУЈНА

ПРИКАЗНА: Кое македонско традиционално јадење најчесто сакате да го подготвувате?

ДАВОР: Веќе сите кои ме следат и кои ме гледале на малите екрани, знаат дека сакам да подготвувам месени работи, слатки работи, така да тука се сите оние традиционални пити, погачи и десерти како парените работи.

ПРИКАЗНА: Може ли Македонија да биде гастрономска сила на Балканот само со традиционалната кујна?

ДАВОР: Може да биде гастрономска сила на Балканот со традиционалната кујна, но сметам дека и фали многу поголема промоција од оваа сега. Сите ние знаеме како странците ја прифаќаат нашата кујна и колку лесно е адаптибилна за да се подготвува насекаде во светот, затоа што има состојки каде секаде се одгледуваат. Немаме некои „фенси“ состојки кои се потешко достапни или се достапни само на одредени места во светот.

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,258FansLike
2,874FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ