Дома Инспирација Вело училиште е инспиративен и поттикнувачки пример, децата да возат велосипед

Вело училиште е инспиративен и поттикнувачки пример, децата да возат велосипед

Проектот Вело училишта креиран од страна на Здружението на граѓани Еко Логик, се имплементира веќе неколку години, а неговата главна цел е да го промовира велосипедизмот како безбеден, здрав и алтернативен начин на превоз за учениците во Македонија.

Официјално Вело училиште започна со имплементација во 2018, неофицијално 2014 година. Почна со моја лична иницијатива, бидејќи сум велосипедист во душа и човек што урбано вози низ градот а и низ планините. Од друга страна, сакав тоа да го осетат и повеќе деца, со цел да ги „навлечеме“ на велосипед. Така почна оваа приказна, раскажува Никола Нешкоски, извршен директор на Еко логик. Никола е самиот е пасиониран велосипедист.

2014 година почнавме со 6-7 училишта кои беа поактивни во нашите вело активности. Почнавме со нив да работиме, работата стана интересна за нив, бараа повеќе активности, па 2018 година решивме да формираме мрежа на училишта со кои ќе работиме на темата. Во истата година беа 10 училишта, 2019 година 50 училишта, 2020 година 100 училишта. Моментално 160 училишта се дел од вело училиште мрежата, додава Никола.

Проектот Вело училишта доби позитивни оценки за имплементација од страна на бирото за развој на образование и министерството за образование.

Тоа е веќе образовна програма, за која имаме добиено и позитивни препораки за имплементации од Бирото за развој на образование и Министерството за образование и наука, што нас многу ни значи дека е препознаена како добра пракса, споделува Никола.

Функционирањето се одвива на тој начин што или училиштата изразуваат интерес или ние сами Доколку видиме дека училиштата прават велосипедски активности, а не слушнале за вело мрежата, ние ги покануваме. Во нашата приказна мора да е вклучена и локалната власт од аспект на тоа дека треба да имаме официјален меморандум, за да имаме дозвола да влеземе во училиштата и да работиме. Често и одиме во самите училишта, реализираме разни работилници, ги едуцираме и вработените и на ученици, а секако даваме и насоки како наставниците да работат со учениците, додава Никола.

Интересот на училиштата за овој проект е голем и многу од нив бараат да бидат вклучени во практичните активности.

Интересот е голем, открива Нешкоски. Многу од училиштата бараат да се вклучуваат во практичните активности, односно велородео настан.

Секоја година организираме велородео турнеи низ Македонија. Тоа значи дека имаме два полигони, со различни вежби, со цел децата да вежбаат моторика, како и запознавање со начин како да се постапува во одредени ситуации, во сообраќај и слично, открива Никола. Полигонот на кој работиме е монтажен и практично го носиме од село во град, од општина во општина. Би додал дека како активност е многу интересна и не се базира само на велосипедизам, туку ние вклучуваме и разни образовни активности поврзани со животната средина, климатските промени итн., додава Никола

Возењето велосипед е здраво, но може да биде и опасно ако не се почитуваат правилата, па затоа колку повеќе оваа програма ја добива општествената поддршка, толку повеќе деца ќе учат како да бидат совесни учесници во сообраќајот.

Документарен магазин Приказна на тема велосипедизам

Велосипедот е наједноставен начин на движење. Планирањето на времето, едноставноста на движење од точка А до точка Б, а притоа и нема стрес во таа ситуација. Ова се постигнува најдобро со велосипед. Затоа возењето велосипед е добро за здравјето покрај тоа што е убаво како хоби. Велосипедизмот е добар и за социјализација, бидејќи децата од мали ги учиме дека покрај спортот има моменти на дружење, изјави Нешкоски за Приказна.

Ване Маркоски

Exit mobile version