Дома Бизнис Приказна „Алкалоид“ со изложба и донација прослави 85 години

„Алкалоид“ со изложба и донација прослави 85 години

Приказните на „Алкалоид“ датираат од август 1936 година, кога на патот од Скопје кон Велес е отворен еден од најстарите капацитети за преработка на алкалоиди. Од скромни две постројки со 15 работници, денес 85 години подоцна, „Алкалоид“ прерасна во лидер со производни погони од 60.000 метри квадратни и над 2.500 вработени во базата во Скопје, но и во дваесетте подружници распоредени во 15 земји во светот.

– „‚Алкалоид’ денес преку 60 проценти од својот асортиман, пласира во над 40 земји во светот. Светските трендови во фармацијата, хемијата, фитотерапијата и козметологијата се имплементирани во нашите секојдневни операции, а примената на најсовремени стандарди за добра производна праксам, е потврдена од реномирани авторитети“, вели во своето обраќање Мукаетов. – вели генералниот директор Живко Мукаетов во неговото видео обраќање по повод 85. јубилеј на компанијата.

Обраќање на генералниот директор Живко Мукаетов по повод 85. јубилеј на компанијата

Деловниот успех и одржлив развој на компанијата се должат на квалитетот на производите, кадрите, брендот „Алкалоид“ и на поединечните брендови.

Брендовите на Алкалоид дел од изложбата за одбележување на јубилејот

Мукаетов потенцира и дека инвестициите на компанијата кои во изминатите 15 години достигнаа 200 милиони евра, а лоцирани во производни капацитети, лаборатории, истражување и развој, техниологија и континуирана едукација на вработените, овозможуваат пласман на производи со супериорен квалитет, кои можат да се носат рамо до рамо со кој било производ од својот сегмент во светот.

Успешната бизнис приказна на Алкалоид се должи на континуираната грижа за членовите на своето потесно и пошироко семејство. „Алкалоид“ и фондацијата „Трајче Мукаетов“ на разни начини го помагаат развојот на македонските здравство, фармација, култура, спорт, образование и други општествени сфери.

Донација од 4.099.488 доби Унивиерзитетската клиниката за детски болести

Главни приоритети на „Алкалоид“ и понатаму ќе останат грижата за вработените, акционерите, животната средина, деловните партнери, здравствениот систем и здравјето пред сѐ – додаде Мукаетов во своето обраќање.

Exit mobile version