4.8 C
Skopje
Wednesday, December 18, 2024
spot_img

Аватар – Патот на водата

По 14 години од премиерата на првиот научно-фантастичен филм Аватар, од 15 декември 2022 година македонската публика има можност да ужива во новиот филм на Џејмс Камерон, Аватар – Падот на водата.

Лоак, син на Џејк Сали


Сем Вортингтон, Зои Саланда, Сигурни Вивер, Стефен Ланд се само дел од екипата од овој фантастичен филм вреден 518 милиони долари.
Ќе прошетате низ планетата Пандора, низ нејзината живописна природа, а ќе се запознаете и со убавината на научно-фантастичниот, подводен свет. Креативноста, технологијата која е користена и аудиовизуелното доживување се феноменални.

Нејтири и Џејк Сали


Џејмс Камерон во новиот дел нè потсети на една од најважните работи во животот-семејството. Што сè сме подготвени да жртвуваме за нашите деца, за нас. Опфатени се љубовта, правилата, почитта, авторитетот, традициите на аватарите, кои се поинакви од нас луѓето.
Жедта за одмазда на човековиот род, профитот по цена на животот на животните, ова се само дел од темите кои беа опфатени во овој дел, а кој со сигурност нема да ве остават рамнодушни.


Аватар – Падот на водата сè уште е достапен во македонските киносали. Топло ви го препорачуваме.
Одвојте 192 минути од вашето време и уживајте во една различна, научно – фантастична приказна.

Кири Сали

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,754FansLike
3,387FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ