16.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Џејми Ли Кертис апелира прифатете ја својата возраст и годините

Стареењето е животен дар. Чудесно е да се биде жив сега, при ваков напредок на науката и свеста. Ова е пораката на самитот во организација на новинарката и адвокатка Марија Шривер. На самиот учествуваа неколку јавни личности од различни професии, меѓу кои и Џејми Ли Кертис, Роб Лоу, Венеса Вилијамс, Голди Хоун, Беверли Џонсон и други.

Во индустријата опседната со изгледот и младоста, актерката Џејми Ли Кертис апелира да се надминат стереотипите и да се прифатат возраста и годините. Таа бара терминот „против стареење“, да исчезне од комуникацијата. Непотребна е таа опседнатост да бидеме постојано млади. Сакам да стареам со интелигенција, благодет, достоинство, веселост и енергија. Сакам да ја прегрнам староста и да се славам себеси, изјавила позната актерка, нагласувајќи дека ги прифаќа промените на нејзиното тело.

„Не негирам како изгледам, нормално, сум се видела како изгледам. Се трудам да живеам со прифаќање. Ако се погледнам во огледало, потешко е да се прифатам. Тогаш сум повеќе критична. Но, ако не се гледам во огледало тогаш не се грижам многу, смета Кертис.

На снимањето на новиот филм „Everything Everywhere All At Once“, Кертис не сакала да ги прикрие нејзините години и изглед. Одбивала да користи производи како што се коректори, филери, обликувачи на тело и слично. На својот Инстаграм профил напишала: „Го вовлекувам својот стомак од 11 години, од моментот кога станав свесна за момчињата и телото, а фармерките беа супер тесни. Решив да се откажам и да го ослободам секој мускул кој го користев, за да ја прикријам реалноста. Тоа беше мојата цел. Никогаш не сум се чувствувала послободна. Немам време за трошење. Моето мото е: „Ако не сега кога? Ако не јас, тогаш кој? Тоа ме ослободи и ми дозволи да правам сè што правам.“

Во последно време повеќе јавни личности се обидуваат јавно да ги урнат стереотипите кои се однесуваат на возраста.

Неодамна моделот Паулина Поришкова, говореше за староста во нејзината професија. Енди Мек Дауел се прошета со седа коса на филмски фестивал.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,388FansLike
1,399FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ