16.8 C
Skopje
Saturday, October 5, 2024
spot_img

ИНТЕРВЈУ Ѓоргев: Аерозагадувaњето ги напаѓа сите органи на човекот

Децата се особено чувствителни на аерозагадувањето, особено затоа што тие немаат развиен имунитет, но и респираторниот систем не е развиен. Тие имаат поголема глад за воздух и побрзо дишат, така што кај нив главниот фокус се белодробните болести. Често знаат да развијат бронхитис или да имаат астматични напади, вели за Приказна проф. д-р Драган Ѓоргев – Институт за јавно здравје.

Приказна Кои се последиците од загадувањето врз нашето здравје?

Ѓоргев Последиците од аерозагадувањето мора да се споменат во два сегмента – врз здравјето на луѓето и врз животната средина. По резултатите од најновите истражувања коишто секојдневно се објавуваат насекаде низ светот, може да се види дека последиците од загадувањето се чувствуваат речиси на секој орган во човечкиот организам, а не само врз белите дробови како што се мислеше порано бидејќи тука е влезот на тие честички. Откако тие честички ќе ги поминат белите дробови, влегуваат во крвта и се шират низ целиот организам, ги оштетуваат и крвните садови, фокусот на смртоносните ефекти е врз влијанието на срцето и мозокот.

Сите можни болести можат да се поврзат со аерозагадувањето, но сепак фокусот е дека доаѓа до оштетување на срцето и мозокот со загадувањето на крвните садови, нешто што порано се сметаше дека е резултат на артериосклероза како последица на лоша исхрана и метаболистички нарушувања.

Приказна Како аерозагадувањето влијае врз детското здравје?

Ѓоргев Децата се особено чувствителни на аерозагадувањето, особено затоа што тие немаат развиен имунитет, но и респираторниот систем не е развиен. Тие имаат поголема глад за воздух и побрзо дишат, така што кај нив главниот фокус се белодробните болести. Често знаат да развијат бронхитис или да имаат астматични напади.

Под ризик од аерозагадувањето се и бремените жени, може да дојде до оштетување на плодот, до предвремено породување, до губење на плодот, а кај предвремено родените бебиња да настапат некои оштетувања на мозокот во вид на морфолошки или органски промени, во зависност во која фаза од развојот биле изложени на аерозагадување.

Приказна Може ли да ги лоцирате изворите на загадување кои предизвикуваат најлоши здравствени последици?

Ѓоргев Аерозагадувањето е тивок убиец. Наша задача беше тоа да го квантифицираме, да видиме колку тоа влијае и атрибутивен процент на смртност на луѓето којшто се должи на аерозагадувањето е прилично висок. Пред неколку години кај нас тој процент беше меѓу 20-25 проценти од вкупната смртност во државата, особено во градските средини. Сега таа стапка е малку намалена, но сепак зазема околу 17-18 отсто од вкупната смртност.

Документарен магазин Приказна на тема Загадување

За Приказна,

Бранка Чочкова

Вики Чадиковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,683FansLike
3,356FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ