16.8 C
Skopje
Sunday, May 29, 2022
spot_img

Штефан Худолин: Корисноста на Зелениот договор ќе нè опфати сите

Климатските промени за регионот на Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија се многу големи. Во изминативе години бевме сведоци на разорни поплави, шумски пожари… Тоа е нешто што мора да се посочи, за да не се игнорира. Секој од нас има свои одговорности. Затоа со силен придонес, со финансиска поддршка на Северна Македонија овие проблеми се адресираат. Секо ќе треба силен напор. Ќе бидат неопходни и приватни вложувања, вели во интервју за Приказна Штефан Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ.

Приказна Која е примарната цел на Зелениот договор?

Худолин Корисноста на Зелениот договор ќе нè опфати сите без разлика дали сме во ЕУ или не. Тој е нашиот, ќе го наречам, европски човек на месечината. Ова е нашата визија, како ЕУ да стане климатски неутрален континент во светот. Што тоа значи? Не значи дека ова е само проект за заштита на животната околина. Зелениот договор е многу повеќе. Тој ја менува играта, ќе ги промени нашите животи. Ќе го промени начинот како живееме, како се храниме, како се облекуваме, како го користиме транспортот, како функционираме во заедницата… ќе опфати повеќе сектори.

Ова значи дека Зелениот договор е афирмативна мерка за заштита на животната околина.

Тој ќе ја обедини заедничката мисија во амбициозни цели до 2050, едновремено адресирајќи ги аспектите кои може да предизвикаат економски раст. Нашата главна цел ќе биде преку реализација на целите во договорот, да се придонесе економски раст. Тој е главниот предизвик кој ние го гледаме како придобивка за секој од нас на планетата.

Приказна Чиста и нетоксична животна средина е една од суштинските заложби. Тоа е еден од најголемите предизвици за нашата земја. Дали со помош на т.н. зелено финансирање може да се направи промена?

Худолин Да, навистина. Зеленото финансирање е еден од главните механизми за финансирање, доколку сакате да ги адресирате активностите од Зелениот договор или активностите кои ги наметнуваат климатските промени. Но, не е само тоа.

Како што споменав и претходно, имплементацијата ќе се однесува на сите сектори. Тоа ќе ги раздвижи сите фондови, без разлика од каде и да доаѓаат, дали тоа ќе биде државниот буџет, дали ќе бидат странски вложувања, зелени проекти или грантови како на пример тие на ЕУ во Северна Македонија. Ние имаме такви во секторот за заштита на животната околина, во секторот транспорт… Тие не се недвосмислено зелено финансирање, но се поврзани. Преминувањето од приватен во јавен сектор, адресирањето на зеленилото… Ова се активности кои ќе имаат придобивки од реализирањето на поставените цели.

Би нагласил дека тоа не е само еден сектор, туку се повеќе. Климатските промени за регионот на Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија се многу големи. Во изминативе години бевме сведоци на разорни поплави, шумски пожари… Тоа е нешто што мора да се посочи, за да не се игнорира. Секој од нас има свои одговорности. Затоа со силен придонес, со финансиска поддршка на Северна Македонија овие проблеми се адресираат. Секо ќе треба силен напор. Ќе бидат неопходни и приватни вложувања, компании кои ќе финансираат, ќе има потреба и од вложувања во земјоделството … Во секоја област од индустријата и економијата, во насока на реализирање на агендата на Зелениот договор и постигнување на јаглеродна неутралност.

Документарниот магазин Приказна посветен на климатски промени

Приказна Дали политиките кои произлегуваат од Зелениот договор може да придонесат за креирање на зелени работни места?

Худолин Да, апсолутно. Изминатиот месец, минатата година, ни покажаа дека одредени профили кои се поврзани со темите од зелената агенда, ќе бидат значајни на пазарот на труд. Секако, мора да сфатиме дека не се работи само за креирање на нови работни позиции, туку и трансфер на работна сила на пазарот на труд, во насока на тоа како ќе се работи во иднина. За тој процес ќе мора да се подготвиме сега, за да нема изненадувања во иднина. Од тие причини, го разгледуваме и образовниот систем, какви профили на студенти ќе ни бидат неопходни, да се креираат вештини за да можат да ги работат тие работни позиции. Секако, ова не се придобивки кои може да се реализираат преку ноќ. Од тие причини, поддршката на ЕУ за Северна Македонија е многу важна.

Неопходно е креирање на нови работни позиции, краткорочно и долгорочно, заедно со соодветни вложувања. Ова подразбира креирање на различни нови позиции, но неопходно е да се разгледа и транзицијата. Неопходно е да се размисли во таа насока, за поголема одржливост на земјоделството. Тоа подразбира да се разгледаат опции за различни профили работни позиции за органско производство наспроти мас-продукцијата која резултира во создавање на големи количини на отпад од храна. Ние мора да го избегнеме непотребното фрлање на храна.

Неопходна е и трансформација на работните места која ќе биде следена од соодветен образовен систем. Ние мора да ги научиме учениците што треба да знаат, а не само теорија, бидејќи на тој начин ќе може да функцираат согласно зелената агенда во иднина. Важно е да разбереме дека треба да се креираат некои нови работни позиции за во иднина, кои сега не постојата. Токму и затоа, ни треба промена на свеста на секој од нас.

Приказна Сакате да кажете дека младите, децата се важен сегмент во спроведувањето на целите од Зелениот договор?

Худолин Да, младите, децата се многу важен сегмент насекаде во Европа. Вклучувањето на младите, за нас е многу важна точка. Тоа е сегмент кој силно го поддржуваме. Ние сакаме и се залагаме за инклузивност. Во моментов, во Северна Македонија може да го забележиме динамичното учество. Забележуваме многу програми за млади, во кои младите активно учествуваат, без разлика дали се на локално или државно ниво. Среќни сме затоа што младите се присутни и во нашите кампањи кои произлегуваат од зелената агенда. Ова се мали, но важни чекори, затоа што понекогаш ви е неопходна кампања за подигнување на свеста, со кои ќе ја информирате јавноста.

На крај, ние може да го следиме развојот какви реакции предизвикуваат одредени мерки, во почетокот на пример при нивното имплементирање се појавува страв, што се менува потоа во тој процес. Таков пример е мерката која се однесуваше на пластичните ќеси. На почетокот кога беше донесена, имаше отпор, а сега, оваа мерка ја прифатија сите и веќе ја нема почетната комуникација на неприфаќање.

За Приказна

Вики Чадиковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,398FansLike
1,404FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ