-4.2 C
Skopje
Sunday, December 22, 2024
spot_img

ОД ФЕЈСБУК ЗНАЕЛЕ ДЕКА ИНСТАГРАМ ВЛИЈАЕ НА САМОДОВЕРБАТА КАЈ ТИНЕЈЏЕРКИТЕ ЗА ФИЗИЧКИОТ ИЗГЛЕД

Дигиталната платформа „Инстаграм“, која е во сопственост на Фејсбук, знаела дека нејзината истоимена апликација предизвикува тинејџерките да се чувствуваат полошо во поглед на перцепцијата на нивниот физички изглед во реалноста, како резултат на виртуелните перцепции за женското тело, откриваат документи кои протекоа во јавноста.

Дури 32 отсто од тинејџерките изјавиле дека кога се чувствувале лошо во врска со нивното тело, со користењето на „Инстаграм“ се чувствувале уште полошо, се вели во извештај кој го пренесува  Вол стрит журнал.

Споредувањето со другите на „Инстаграм“ го менува начинот на кој младите девојки гледаат на себе, според извештајот.

– Ги влошуваме проблемите со перцепцијата на телото кај секоја трета девојка – стои во записите на документите.

Според податоците на компанијата, тинејџерите го обвинуваат „Инстаграм“ и за зголемување на анксиозноста и депресијата. Документите откриваат и дека 13 отсто од британските корисници и 6 отсто од американските корисници веруваат дека „Инстаграм“ е извор на самоубиствени мисли.

Ова не ја спречува апликацијата да биде една од најпопуларните кај младите. Според истражувањата, дури 40% од Инстаграм корисниците се помлади од 22 години.

Извор Вол стрит журнал

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,762FansLike
3,389FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ