27.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Тина Мицковска: Животните ми помогнаа во борбата со анксиозноста

Животните даваат позитивна енергија, па затоа на сите кои се борат со анксиозност, би им препорачала да си вдомат миленик. Јас најдов едно маченце на дрво, го спасив и решив со него да се преселам во нов стан. Тоа мислам дека ми беше пресврт во животот за да и кажам на анксиозноста дека ќе се борам и нема да дозволам да ме победи, вели за „Приказна“, Тина Мицковска, портпарол во Скопје ЗОО.

Приказна: Кога станa свесна дека се бориш со анксиозност?

Мицковска: Првенствено мислам дека секој човек, некогаш во животот се борел со анксиозност. За жал, има луѓе кои не се свесни дека тоа им се случува и затоа мислам дека треба да ги споделуваме овие работи јавно, за да помогнеме на некој кој воопшто не знае што се случува со него. Кај мене анксиозноста се појави од причина што многу мразам неправда, најмногу ме боли малтретирање на животни и мислам дека немоќта да се помогне на сите тие животни е тригерот да ми се појави анксиозност. Но, сум научила да ја контролирам анксиозноста и тоа е она што секој од нас треба да го направи, нормално секој на свој начин, бидејќи не сме сите исти. Важно е секој да знае дека може да ја победи анксиозноста, да научиме да живееме со неа, тоа е најважниот момент, бидејќи ако не научиш да живееш со неа, не си направил ништо. Треба да се зборува јавно, за да помогнеме и на некој друг. Ние кои сме поминале низ сето тоа, не сме исцелители, туку само даваме еден начин на поддршка, а за стручна поддршка, секако тука постојат психолози и психијатри кои најмногу можат да помогнат.

Приказна: Како се соочуваш и кога ја прифати како состојба?

Мицковска: Најлошо беше што јас порано мислев дека да си анксиозен, значи само да си вознемирен и тажен, но одеднаш од авантурист човек и човек кој сака адреналин, станав човек кој има страв од се’. Имав различни фобии. Тогаш решив дека мора да се спротивставам и тие стравови да ги надминам. Денес ми е подобро, најмногу поради разговорите со психолог и луѓе кои го поминувале истото. Правев и работи кои ме правеа среќна. Важно е и времето да го поминуваш со луѓе и животни. Животните даваат позитивна енергија, па затоа на сите кои се борат со анксиозност, би им препорачала да си вдомат миленик. Јас најдов едно маченце на дрво, го спасив и решив со него да се преселам во нов стан. Тоа мислам дека ми беше пресврт во животот за да и кажам на анксиозноста дека ќе се борам и нема да дозволам да ме победи.

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,388FansLike
1,398FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ