20.8 C
Skopje
Thursday, September 29, 2022
spot_img

Тажната приказна на Стојче Јакимов стана убава: повеќе не се срамиме кои сме, сега живееме нормален и посреќен живот

Животната приказна на семејството Јакимови од с. Ерџелија, Свети Николе беше пренесена во емисијата Срце на дланка. Цело лето очајниот татко пишуваше и молеше да ја раскаже нивната судбина. Не дочекаа со солзи и со извинување што влегуваме во куќа која може да се распадне во секој момент. Кога ќе влезете во нивниот дом, како да се враќате назад во времето. Соби пред распаѓање, празен фрижидер, лита облека, несреќни родителски лица и тажни насолзени детски очи, кои молат за помош.

– Животот на сопругата висеше на конец. Докторот ми рече, тешко дека ќе ја биде. Секој ден од Свети Николе авто-стоп одев до Автокоманда, од таму пеш до Државна и обратно, само да ја видам да и кажам дека не е сама и да издржи. Но, и после дојдоа тешки денови, месеци и години. Децата растеа, јас се разболев од епилепсија, сопругата остана без работа, дојдовме до питачки стап. Или гладувавме или јадевме леб и кромид. И ние и децата. На училиште немаме ниту пет денари да им дадеме. А, деца се гледаат што другите јадат и носат и често се исмејувани-низ солзи почна да раскажува Стојче.

Посетата во овој дом ја завршивме со наведнати глави. На ова семејство му требаше силна помош. Јавноста реагираше експресно, уште самиот ден по емитувањето на сторијата, телефоните се вжештија, проблемите на Јакимови стануваа минато.

Народот вели: Не очекувај ништо, ама почитувај се! Ова го искористи семејството Јакимови. Се случи убава промена. При нашата следна средба, скоро да не ги препознаам. Ниту родителите, ниту децата. Од секоја пора на секој поединечно, излегуваше среќата во најразличен облик. Едновремено со благодарноста кон сите што преку ноќ им го променија животот.

Од прибраните средства кои јавноста ги донираше за нив, си купија куќа во градот, ја опремија со мебел и секој ден имаат што да јадат. Децата одат во ново училиште. Среќни се, го нема срамот. Сега конечно може да поканат другарчиња на гости во нивниот дом. Сложни се и хармонично го минуваат секој ден. Насмевките им се заштитен знак.

Стојче се пофали дека од пролет ќе почне да работи и да има сигурен приход за семејството.

За добрите работи потребно е време. Времето на Стојче и неговото семејство дојде. Тие се пресреќни. Затоа, тие порачуваат: Останете смирени. Останете трпеливи, не срамете се и пријавете се во „Срце на дланка“.

Автор Оливера Петрушевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,468FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ