14.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022
spot_img

СИ ЗАМИНА ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ НАУЧИ ДА ЈА САКАМЕ МУЗИКАТА

Си замина маестралниот чичко Ацо. Легендарниот диригент и композитор, човекот кој инспирираше љубов кон музика кај секој од нас, од најмал до највозрасен. Без него, македонската музика ќе беше неспоредливо сиромашна.

Повеќе од 40 години неговите композиции беа неодминлив дел на најпознатите македонски фестивали и фестивалите во поранешна Југославија. Одличната професионална подготовка стекната низ школувањето во Скопје и Белград и природната дарба му овозможија да остави голем број мелодии од кои некои се вбројуваат во евергрините на македонската популарна песна, објави Сојузот на композиторите на Македонија.

Особено е значајно неговото творештво на полето на детската песна. Во првите петнаесетина години од постоењето на фестивалот „Златно славејче“ неговиот авторски придонес во програмата овозможи фестивалот да израсне во еден од најбитните фактори во музичкото воспитување и образование на најмладите. Некои од неговите песни со задоволство се слушани и денес. Во делот на класичната музика Џамбазов напишал неколку маркантни композиции, од кои една („Рапсодија за Скопје“ за пијано и симфониски оркестар) е добитник на највисоко признание на меѓународниот фестивал во Кава де Тирени – Италија

Џамбазов за својот придонес во целокупната музичка култура, е награден со над 40 стручни и општествени награди и признанија во Македонија и во поранешна СФР Југославија, добитник е и на Државната награда „11 Октомври“, Наградата на град Скопје „13 Ноември“ и др.

Маестро Александар Џамбазов е еден од основоположниците на Танцовиот и Ревискиот оркестар на Македонската Радио Телевизија, на фестивалот на забавни мелодии „Скопје“. Неговиот исклучителен придонес е и во музичкото исполнителство како диригент со над 40-годишен непрекинат и континуиран работен стаж, и како несебичен пропагатор на опусот на македонските композитори од овој жанр.

Веста за смртта на легендарниот маестро, на својот профил на социјалните мрежи ја потврди и неговиот син.

„Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години … од денес, конечно со својата Анче … вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој“, напиша Игор.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,468FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ